ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сервер: Договор кој ќе го компромитира суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина ќе охрабри сецесионизам и иредентизам на Балканот

February 19, 2025 11:59
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Секој договор за Украина што би го компромитирал суверенитетот и територијалниот интегритет на Киев ќе охрабри сецесионистички и иредентистички сили на Балканот, Босна и Херцеговина и Косово ќе се најдат под ризик, а Северна Македонија нема да биде подготвена да ги прифати бугарските барања без гаранции, изјави за МИА експертот за Балканот Даниел Сервер.

Сервер, поранешен американски претставник за Босна и Херцеговина во улога на медијатор меѓу Хрватите и Бошњаците за Дејтонскиот мировен договор, изјави дека позицијата на Русите во актуелните  преговори за Украина „е поволна и тие нема да го повторат сценариото со неуспехот на Минск-2“ во 2015 година.

-Русија сигурно би можела да се обиде да ги искористи разговорите за одложување (на договор за прекин на огнот), но во овој случај се сомневам во тоа. Американците нудат договор кој би овозможил Русија да остане барем во деловите од Украина што ги има окупирано. За Москва, атрактивна опција е да може да склучи  таков договор и да добие време за повторно вооружување и регрупирање на армијата, изјави Сервер, кој ја предводи програмата за менаџирање конфликти на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон.

Смета дека интеграцијата на Македонија во ЕУ би се откочила само ако се оствари гаранцијата побарана од премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицковски, дека бугарските барања за промена на Уставот ќе бидат последното барање од Софија.

-Македонија, според мене, е подготвена да ги прифати бугарските барања за вклучување на Бугарите во уставот, но сака тоа барање да биде последното од страна на Софија. Не знам дали Бугарите ќе се согласат на тоа, потенцираше Сервер.

Во врска со неучеството на ЕУ во првичните преговори меѓу Вашингтон и Москва за крај на војната во Украина кои се одржаа во Ријад, и плановите на Макрон и Шолц за развој на интегрирани европски воени сили независни од НАТО, Сервер укажа дека на Европа ѝ се потребни политичари кои можат да му парираат на американскиот претседател Доналд Трамп.

– На Европа ѝ требаат политичари кои се подготвени да му се спротивстават на Вашингтон, повеќе од тоа дали може или не да создаде интегрирани воени сили независни од НАТО. Политичари кои ќе бидат способни  да го бранат украинскиот суверенитет и територијален интегритет.

Тој смета дека САД нема да го променат ставот и да испратат свои сили во Украина. И дека најверјатно Европа ќе биде таа која прва треба да  распореди свои мировни сили, зависно од договорот.

-Поддржувам да се испратат трупи во Украина, но само ако тој договор го штити украинскиот суверенитет и територијален интегритет. Во спротивно, тие ќе бидат под  ризик да се најдат на погрешно место во погрешно време кога Москва ќе реши да ја обнови војната.

Next Post

Стабилно и студено, со температури и под -10 степени

НАЈНОВО

Речиси 50% од глечерот Хекторија се распаднал за два месеца

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Кој е Зохран Мамдани – новиот градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk