ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Додворувањето кон Путин не е лидерство – тоа е капитулација!

Додека рускиот агресор продолжува со својата крвава инвазија врз Украина, Трамп отворено застанува на страната на диктаторот и воениот злосторник, Путин! Наместо да застане во одбрана на слободата и праведниот мир, тој ја турка Америка кон срамна капитулација и соучесништво со Путин!

February 19, 2025 12:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Пријателска атмосфера во Ријад, додека руските дронови погодуваа цивилни цели (фото извор: ТАСС)

Пријателска атмосфера во Ријад, додека руските дронови погодуваа цивилни цели (фото извор: ТАСС)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Историјата не им простува на оние кои се поклонуваат пред тиранијата. Ако Америка застане на страната на Путин, ќе биде запаметена не како суперсила, туку како понижена земја.

Дали ова навистина се случува!? Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој дома си ја турка авторитарната агенда, практично, се здружи со диктаторот и воен злосторник Путин – и ја обвини Украина дека ја започнала војната! Ова мора да расчисти веднаш и да се запамети: Трамповото додворување кон еден воен злосторник не е само кукавичлук — тоа е предавство на секој Американец кој некогаш се борел за слобода. Ова е тежок удар врз совеста и моралот на светот!

Државата терорист која пред три години, во стилот на Хитлер, изврши целосна воена инвазија против Украина, независна и суверена држава во Европа, сега седи на преговарачка маса со САД – сцена која ниту еден разумен човек не можеше ни да ја замисли. Кога ќе погледне човек како се водат преговори за Украина без Украина, единствените зборови со кои тоа може да го опише се предавство и капитулација. Подеднакво неприфатливо, тие преговори се водат и без Европа – каде што се наоѓа Украина – на чија почва руските трупи извршија и продолжуваат да извршуваат ужасни воени злосторства, „оправдани“ со геноцидната идеологија на Кремљ. Дали ова е она што Трамп го нарекува „ставање крај на војната“? Тоа е невозможно! Тоа не е ништо освен одобрување и поддршка на воените агресии, воените злосторства и геноцидот.

Америка мора да се разбуди. Сега! Ова не е прашање на левица или десница, Демократи или Републиканци. Ова е прашање на демократијата против диктатурата, вистината против лагите, правдата против геноцидот. Лидерот кој се поклонува пред диктатори не е некој што води – тој само срамно се покорува.

Ако граѓаните на САД не сакаат нивната земја да стане вазал на Русија, тие мораат да стават крај на срамните, неморални ставови на нивниот претседател.

И Европа! Европа мора да застане цврсто и да се одбрани од тоа што доаѓа.

Да се каже НЕ на Трамп сега не е само избор – тоа е морална обврска за Американците и светот. Да му се каже НЕ на Трамп сега, значи му да се каже НЕ на Путин, и тоа не е само оправдано, туку и итно и неопходно – токму како што беше морално и човечки да им се каже НЕ на Хитлер и Мусолини пред 85 години.

Нема ниту еден логичен аргумент на страната на најсилната демократија на светот да се поклони пред крвожедниот воен злосторник, гангстер и диктатор. Да му се покори на Путин, значи да се предаде сè што претставува Америка.

Ако Трамп му ја овозможи победата на Путин, не само што Украина ќе страда неизмерно, туку и целиот светот ќе влезе во нова ера на мрак, свет во кој ќе владеат оние што стравот и лагите ги претвораат во оружје. Последиците од додворувањето кон тиранин ќе загрмат низ целиот свет, и ќе предизвикаат нови бранови на насилство, репресија и уништување. Цели нации ќе паѓаат, човековите права и слободи ќе бидат прегазени и идеалите за слобода и правда ќе станат минато. Неповратно.

Затоа, ова е мојот повик… Кажете НЕ за геноцидот. Кажете ДА за праведниот мир. Тоа е сè што светот треба да направи за да ја спаси својата душа – и својата човечност.

Застанувањето на страната на еден тиранин кој убива деца, силува жени и ги уништува цели градови не е „дипломатија“ – тоа е соучесништво во воени злосторства.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Credit: Belga

Нов инцидент во бриселски Андерлехт: Куќа изрешетана со куршуми

НАЈНОВО

Шукова за 24 вести: БРТ системот е најбрзото и најадекватно решение за јавниот превоз во Скопје

October 7, 2025

Филипче: Гледаме арогантна и самобендисана власт која го руши нашиот дом, цигла по цигла

October 7, 2025

Мицкоски со порака до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk