ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година со одредени измени

February 19, 2025 14:51
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Владата и Министерството за образование и наука продолжуваат да обезбедуваат финансиска поддршка за оние кои ќе се запишат на додипломски, постдипломски или докторски студии на некои од најдобрите светски универзитети според Шангајската ранг листа. Конкурсите за доделување на стипендии за академската 2025-2026 година се објавени, а крајниот рок за аплицирање е 12 септември, соопшти на денешната прес-конференција министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа потсети дека станува збор за мерка што веќе 15 години ја спроведува државата, но, овојпат, со одредени модификации на условите за корисниците по стекнувањето на дипломата.

– Целта на измените е да се обезбеди ефективност на оваа мерка што, чини многу пари, ако се има предвид дека студирањето на најдобрите универзитети е исклучително скапо и на годишно ниво исплаќаме до 40.000 американски долари само за покривање на уписнината, а дополнително се покриваат и трошоците за живот, сместување и превоз на нашите студенти, појасни Јаневска.

На конкурсите можат да аплицираат македонски граѓани кои во академската 2025/2026 година ќе се запишат на еден од првите десет рангирани универзитети од сите области, односно на еден од првите сто рангирани универзитети од областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економијата и финансиите, физиката, биологијата, хемијата, медицинските науки и генетиката, согласно последната објавена листа на Центарот за универзитети од светска класа при Шангајскиот Џио Тонг универзитет.

Кандидатот треба да има соодветно претходно образование и соодветен просечен успех што е наведен во конкурсот и да не е корисник на каква било стипендија од друг давател во моментов. За стипендистите останува обврската по стекнувањето на дипломата, да се вратат во државава и да работат двојно повеќе време од времето на студирањето.

– Има неколку новини во конкурсот. По враќањето, стипендистите треба да се пријават во МОН и за првпат, да се регистрираат на посебен дигитален регистар – e-registar.mon.gov.mk, што го воведуваме оваа година, а што ќе биде споделен со државните органи, универзитетите и стопанските комори, во насока на полесно наоѓање соодветен работен ангажман. Ако на студентот не му биде понуден ангажман во рок од шест месеци, не му престанува обврската да работи во државата, информираше Јаневска.

Ако пак студентот, во рок од три месеци по дипломирањето се вработи во некоја компанија од Fortune top 500 листата во странство, тогаш надвор од државава може да остане најмногу до три години, со цел, како што рече министерката, стекнување на меѓународно корпоративно искуство, по што почнува да му тече обврската да работи во својата држава двојно повеќе време од времето на студирање.

– Доколку кандидатот одлучи да не се врати во државата, односно не ги исполни обврските од потпишаниот договор, ќе мора да ги врати средствата, онолку колку што Министерството му исплатило за студирање и тоа најдоцна во рок од две години по завршувањето на студиите. Во минатото се бараше враќање на десеткратно поголем износ, што всушност беше неприменлива договорна одредба, додаде министерката.

Осврнувајќи се на дигиталниот регистар на стипендисти во странство, Јаневска посочи дека целта е во него да се пријават сите завршени и тековни студенти во странство кои користат стипендија од МОН, за да може државата да има увид во состојбата на секој стипендист.

Регистарот содржи податоци за студентот, видот на студиите, периодот на студирање, работен статус, контакт – податоци и слично и секој ќе треба најмалку еднаш годишно да ги ажурира своите податоци доколку има каква било промена. Студентот може да одбере неговиот профил да биде видлив и така полесно ќе се вмрежува со други студенти, со научни и образовни установи и со работодавачи.

– Веќе сме во комуникација со многу од студентите да се пријават во регистарот и бидејќи тоа може да им донесе само корист, очекувам соработка и постапување. А задоволство ми е да споделам и дека Министерството за образование и наука веќе започна соработка со неколку дипломирани студенти, кои имаат желба и со голем ентузијазам работат на развој и промоција на својата држава, рече министерката.

Јаневска ги повика сите заинтересирани да ги погледнат условите во конкурсите и доколку ги исполнуваат, да ја искористат можноста што досега ја искористиле околу четртотини македонски граѓани, да го надградат своето знаење на реномирани светски универзитети.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: конкурсиМОНстипендии

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

May 9, 2025

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

May 9, 2025

(ВИДЕО) Пукање во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, едно лице повредено

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk