ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Откако се покачија, Владата ги замрзна цените, тоа е нова манипулација

February 20, 2025 10:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ја критикува одлуката на Владата за ограничување на маржите, оценувајќи ја како задоцнета и половична, со недостатоци кои, според нив, нема да донесат вистински ефект врз животниот стандард на граѓаните.

Според СДСМ, замрзнувањето на цените на нивото од 1 февруари не е соодветно решение за справување со скапотијата, бидејќи податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека веќе во јануари имало значителен раст на цените. Од партијата тврдат дека Владата реагирала дури откако цените веќе пораснале, што го оценуваат како уште една манипулација со граѓаните.

„Власта требаше да се врати неколку месеци наназад и како репер да ги земе тогашните цени, а не сегашните, кои веќе се зголемени“, стои во соопштението на СДСМ.

Дополнителна критика е упатена и кон одлуката за ограничување на маржите само за 102 групи на производи. Според СДСМ, наместо делумно решение, треба да се опфатат сите 238 категории на производи за да се почувствува вистинска економска корист за граѓаните.

„Владата на Мицкоски и ДПМНЕ не само што не успева да се справи со економските предизвици, туку работи во корист на големите бизнис интереси, наместо да се грижи за доброто на граѓаните“, велат од партијата.

СДСМ предлага конкретни мерки за стабилизација на цените и намалување на трошоците за живот, кои веќе се поднесени во Собранието по итна постапка. Меѓу нив се:

Намалување на ДДВ за струјата на 5%, што според партијата, ќе доведе до веднаш намалување на сметките за електрична енергија за 13% и просечна заштеда од 400 денари месечно по домаќинство.

Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, што ќе резултира со намалување на цените на над 250 категории на производи и ќе овозможи граѓаните да заштедат до 2.000 денари месечно.

Според СДСМ, целосната примена на предложениот сет мерки и Законот за нефер трговски практики ќе доведе до намалување на цените за 30%.

„Граѓаните заслужуваат конкретна поддршка, а нашите мерки се вистинскиот начин за намалување на цените на храната и на сметките за струја“, порачуваат од партијата.

 

Tags: владини меркиддвСДСМ
Next Post

Конференција на ХЕРА за улогата на мажите: Храбро е да се зборува за емоциите, проблемите и предизвиците, така стануваме посилни

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk