ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Научен тим на Санторини врши проверки за идентификување на областите со висока опасност од лизгање на земјиштето

February 21, 2025 10:19
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Универзитетот во Атина спроведува систематско истражување на релјефот на Санторини, со цел да се идентификуваат областите со зголемен ризик од лизгање на земјиштето, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од атинскиот Универзитет, научниот тим предводен од претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) професорот Ефтимиос Лекас освен што ја следат сеизмичката активност на островот, спровеле и истражувања за можна опасност од лизгање на земјиштето, а веќе се идентификувани конкретни области.

– Многубројните сеизмички потреси што беа регистрирани предизвикаа дестабилизација на падините во повеќе области. Оваа опасност се припишува на силните морфолошки наклони, составот на карпите, како и алтернацијата на материјалите со различна отпорност на ерозија. Исто така, човечките активности дополнително ги оптоваруваат и онака ранливите области, соопштија од атинскиот Универзитет.

Додадоа дека она што е важно да се нагласи е дека дестабилизацијата на падините може да доведе до лизгање на земјиштето дури и откако ќе престане сеизмичката активност, а обилните врнежи можат да дејствуваат како катализатор.

На грчкиот остров ситуацијата со земјотресите во изминатите денови е значително смирена, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како што вчера објави МИА, во интервјуто за „Блумберг“ се осврна и на Санторини, објаснувајќи дека во последните денови има намалување на сеизмичката активноста, „што е охрабрувачки“ и порача дека „Грција е безбедна земја“.

Tags: земјотресПроверкиСанторини
Next Post

Руте: Стабилноста на Косово, БиХ и Србија е од заеднички интерес

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk