ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Како да ги победиме нацистите!?

February 22, 2025 12:34
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Басара („Долговечност“) тврди дека Русите ги победиле Германците затоа што имале волненки, кои подобро ги штителе нозете од германските чизми и поради наредбата на руската команда војниците да не ги слекуваат панталоните и гаќите кога серат. Германците, нормално, ги слекувале и на минус четириесет останувале вечно во таа клечечка положба или, при крцкавото, бавно и болно исправање, станувале лесна цел за руските снајперисти и други војници.

Со други зборови говната однеле победа над ариевските манири.

Хахаха!

Не знам дали Басара се заебава, но јас сакам да го сфатам сериозно и да кажам дека ако сакаме да ги победиме денешните нацисти, не можеме да останеме фини и чисти, мораме малку да се извалкаме, да ги чуваме нозете, главите и газовите и да им ебеме мајката додека серат во своите златни нужници!

Не мора да чекаме температурата да падне до минус 40.

Или да чекаме Маск да ни ја отсече главата со моторна пила!

Вилијам Џејмс вели вака: „Ние, директните наследници на успешните учесници во безбројните масакри, без оглед на тоа какви мирољубиви особини поседуваме, некаде во себе мораме да носиме, спремни во секој момент да се распламтат, затскриените и зли белези на карактерот благодарејќи на кои нашите предци преживеале толку масакри, нанесувајќи им зло на другите, додека самите успевале да се спасат.“

Знам дека ова може да се сфати како пледоаје за насилство, но јас тврдам дека тоа има намера насилството кон кое се склони и веќе го демонстрираат нацифилите и фашистите, да се спречи така што ќе им кажеме дека ние нормалните, кои уживаме во дострелите на цивилизацијата, нема да дозволиме тие да нѐ вратат во мракот на минатото само затоа што имаат дефекти во некои гени или се просто така култивирани односно акултивирани во насока на тешка психопатологија.

Ние ќе се обидеме да ги искористиме сите мирни средства, како што тоа го прави Сандерс во Америка, но нема да одиме во нивните наци логори независно какви другари и пријатели психопати ќе стават во Судскиот или Обвинителскиот совет.

Тоа мора да им биде јасно.

Тие и такви реформи можат да си ги напикаат во смрдливите шупаци.

Две работи ме интересираат како ориентација за тоа во кој правец ќе се движиме. Има повеќе, но нека да се задржиме на овие две: Како премиерот на Нордот ја оценува ултрадесната интернационала во Америка, со јасни нацистички обележја, односно како видувањата и насоките од тој состанок ќе влијаат врз ситуацијата и развојот на ситуацијата во Македонија и, второ, кој прв ќе појде да зборува на фреквенцијата на „уникатната платформа“ откако директорот на таа уникатност соопшти дека секој што ќе зборува нешто што нему или, претпоставувам, на неговите патрони, мецени и спонзори, не им е по ќеиф, ќе се судри со гневот на јавноста во која, очигледно, се става и себе си, а веројатно и преобожуваниот лидер, загубената жена на Водно и многу други сератори со чувствителни сетила што ги дразни секој вид на нормалност, знаење и елоквенција.

Или македонската нормалност ќе реши да престане да биде „прва пратиља“ на злото која на изборот на секоја телевизија изјавува дека ќе се бори за мир во светот додека наци типови ја штипат за газот и проверуваат да не случајно има млеко во цицките што би значело дека е допингувана со сперма.

Ако е суспендиран, додуша, благо, Синер зошто да не биде суспендиран и Сашо.

Јас мислам дека и тој е суспендиран само не му е соопштена одлуката на нацисоветот на чистата раса лудаци.

Зашто, гледајте, веќе имавме интервенција во програмата на истиот уникатен директор, имаме тортура на глупави водителки и водители над секоја студијска демонстрација на здравиот разум, па се плашам дека следниот пат ќе се премине на ликвидација на незгодниот гостин директно во студиото: камерманот ќе биде опремен со најдобрата пушка репетирка на сите времиња, Ли Енфилд, со која добар камерман може и до 30 пати да го упука непријатниот гостин за една минута.

Па да видиме дали мртов ќе каже нешто против Трамп.

И така натаму.

Собранието да броело 90 души!

Колку патни и дневни трошоци ќе се уштедат?

И за кој курац и тие 90 души.

Нашиот систем формално е собраниски, но во суштина, тој во интерпретацијата на комитлакот е, што би рекол Орданоски: конституционален автократизам+кретенизам!

Еве за крај една најнаивна, но антрополошки точна основа за љубов и оптимизам.

Заедничкиот начин на размислување, чувствување и живеење сите луѓе ги прави припадници на исто племе, а тоа племе, антропологот Доналд, не Трамп, нормално, туку Браун, го нарекол Универзален народ, по угледот на Универзалната граматика на Ноам Чомски. Неколку стотини белези, од стравот од змиите, до логичките оператори, од романтичната љубов, до шегаџиските навреди, од поезијата, до табуата врзани за храната, од размената на стоки, до оплакувањето на мртвите, можат да се најдат во секое општество за кое некогаш нешто се напишало.

Сите имаме повеќе антрополошки и културолошки, па и генетски основи за љубов, а, сепак, се тепаме како глувци.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Next Post

Зеленски има 63 отсто поддршка од Украинците, според најновите анкети

НАЈНОВО

Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Хиларија Болдвин откри: Со Алек одиме на брачно советување поради големата разлика во години

November 14, 2025

Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот; Ѓорѓиевски – завршува периодот на застој и започнува нова фаза на стабилизација и развој

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk