ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лажните тврдења на премиерот на „мојата земја“ на екскурзијата во Вашингтон

February 23, 2025 14:54
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ

Се уште не стивнуваат реакциите на јавноста во сврска со патувањето на повеќечлената делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон, и неговото учество на контроверзната Конференција за политичка акција на конзервативците во Вашингтон (CPAC), на која францускиот екстремно десничарски лидер Жордан Бардела го откажа својот планиран говор, поради, како што рече, „гест кој се однесува на нацистичката идеологија“ на поранешниот главен советник на Доналд Трамп, Стив Бенон.

За ова, секако, немаше реакција од Мицкоски, кој во рамките на конференцијата  беше интервјуиран од политичката коментаторка Кеј Ти Мекфарланд, поранешна заменик-советничка за национална безбедност во првиот мандат на претседателот Трамп, каде таа го пофали премиерот дека бил единствениот европски лидер кој позитивно реагирал и ракоплескал за време на говорот на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на Минхенската безбедносна конференција минатата недела, во кој Венс жестоко ги критикуваше европските држави.

Мицкоски, кој за цело време на интервјуто државата на која е премиер, наместо со нејзиното име ја нарекуваше мојата земја и мојата татковина, ја искористи приликата да  ја истакне својата воодушевеност  од говорот на потпретседателот Венс кој го опиша како „историски настан“ и „инспиративен говор“. Тој истакна дека, иако некои европски политичари можеби ќе се налутат на неговото мислење, смета дека Венс бил во право.

Премиер на земја кандидат за членство во ЕУ, која се надева на решавање на проблемите и  отворање на преговорите, е најголемиот ракоплескач и поддржувач на говорот на Венс насочен против ЕУ.

Мицкоски по кој знае кој пат се пожали дека од почетокот на независноста, заради остварување на стратешките цели да биде полноправна членка на НАТО и на ЕУ, Македонија ги сменила своето знаме, својата валута, своето име и својот Устав, и дека не е фер што нашата држава сега е повторно под притисок да го смени Уставот, додека истовремено, самиот иницира промена на Уставот заради промена на државниот грб.

Мицкоски, чие претставување на земјава личеше на писмена работа по англиски на просечен средношколец, откако се пофали дека пред 8 месеци ги добил изборите со огромно мнозинство,   ја нагласи и важноста на Македонија во справувањето со илегалната миграција, опишувајќи ја земјата како „врата на југоисточна Европа“, врата која, за жал, по стапувањето на Мицкоски на премиерската функција, останува затворена.

Контрадикторен до крај, премиерот на „мојата земја“ не пропушти да истакне дека Македонија е целосно усогласена и ја поддржува политиката на претседателот Доналд Трамп, иако пред некој ден, на дебатата на Атлантскиот совет, исто така во Вашингтон, изрази сосема спротивен став од оној на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја обвини Украина дека ја започнала војната, изјавувајќи:

„Македонија е меѓу петте топ земји донатори на Украина. Воената руска агресија без преседан, војната против Украина и украинскиот народ, неиспровоцирана со ништо е нешто страшно. Тоа мора да биде осудено. Треба да направиме сѐ што можеме за да му помогнеме на украинскиот народ и на Украина. Тоа е нашата позиција. Зошто? Затоа што Русија го предизвика и го негира украинскиот идентитет и јазик. Тоа е грозно. Страшно“.

Во одговор на прашањето за односот на земјава кон „кинеска економска инвазија“ на овој дел на Европа, Моцкоски истакна дека „Ние сме под силен финансиски притисок од таа земја, но мојата земја е единствениот дел од сложувалката кој им недостасува“ заборавајќи на автопатот Кичево-Охрид кој кинеската фирма „Синехидро“ го гради веќе 10 години, со „евтин“ кинески кредит договорен во период на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, и за кое во протечените прислушкувани разговори, можеше да се слушне како неговиот претходник на премиерското и лидерското место во ВМРО-ДПМНЕ, бара „5% провизија од жутите“.

И, за крај, бисерот од излагањето на Мицкоски преполно со контрадикторности, аналфабетското тврдење на премиерот на „мојата татковина“, кој намерно или ненамерно, или од незнаење и еклатантно непознавање на историјата и културата на Македонија, пред целата американаска, македонска и светска јавност излажа дека дека првиот универзитет во Европа бил основан токму на Охридското Езеро, и бил наречен Универзитет „Св. Кирил и Методиј“???, а всушност се работи за  т.н. Охридска книжевна школа, формирана во 886 година, поврзан со дејноста на Св. Климент Охридски и Св. Наум Охридски Чудотворец, чии остатоци се лоцирани на Плаошник во Охрид, и е позната како Климентов универзитет.

Очигледно е дека не се работи за лапсус, бидејќи Мицкоски уште еднаш, одговарајќи на прашањето на водителката дали универзитетот во Оксфорд е постар, ќе повтори:

„Не, тоа е универзитетот Св. Кирил и Методиј“.

Христијан, седи кец!

Преземено од Цивил Медиа

Next Post
Фото: Укринформ

Зеленски во пресрет на третата годишнина од руската инвазија: Русија го изврши најголемиот напад врз Украина во целата војна

НАЈНОВО

ФИФА има намера да го прошири форматот на Светското клупско првенство

August 18, 2025
Хамас. Фото: Принтскрин

Хамас доби нов предлог-договор за прекин на огнот во Газа

August 18, 2025

САД го повикаа Израел да го спроведе договорот за прекин на огнот откако Либан го направи „првиот чекор“ за разоружување на Хезболах

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk