Според прелиминарните резултати, конзервативната партија ЦДУ/ЦСУ победи на парламентарните избори во Германија со освоени 28,6 отсто од гласовите, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Лидерот на партијата, Фридрих Мерц сега ќе се обиде да формира коалиција до Велигден. Мерц вели дека „апсолутен приоритет“ е „да се зајакне Европа што е можно побрзо за да можеме да постигнеме вистинска независност од САД“.
Овој тон од блискиот сојузник на САД е сеизмичка промена во трансатлантските односи, пишува уредничка за Европа на Би-би-си, Катја Адлер.
Екстремно десничарската AfD беше втора со 20,8 отсто, но Мерц ја отфрли можноста да работи со нив
Социјалдемократите на канцеларот во заминување Олаф Шолц го постигнаа својот најлош резултат досега, со 16,4 отсто.
Подготви: Д. Мишев / Цивил Медиа