ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Мојсоски: Во Идризово нема никакви индикации за корона вирусот, секој нов затвореник се става во изолација

Секој нов затвореник се подложува на детален преглед, а потоа се изолира 14 дена, по што се внесува во затворскиот систем.

March 25, 2020 18:22
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Тројца лекари и четири медицински сестри се задолжени во моментов за здравствената состојба на над 1150 затворениците во најголемиот затвор во Северна Македонија, КПУ Идризово, во кој, како што нагласи за МИА директорот на затворот, Боби Мојсоски се преземени сите мерки за заштита на затворениците и на вработените поради состојбата со корона вирусот.
Управата за извршување на санкциите согласно владините препораки од 10 март годинава донесе забрана за контакти на осудените и притворените лица со надворешниот свет и презема мерки за одржување високо ниво на хигиена, дезинфекција и сите достапни мерки за заштита, а Мојсоски за МИА потенцира дека затворските власти и неколку дена пред тоа ги презеле потребните мерки.

Секој нов затвореник се подложува на детален преглед, а потоа се изолира 14 дена, по што се внесува во затворскиот систем. Мора да бидат крајно внимателни и подготвени за справување со ситуацијата, нагласува Мојсоски за МИА, додаваќи дека во затворот може да пристигнат и затвореници со ектрадиција.

Оваа недела немале таков случај, но минатата недела пристигнал затвореник од Србија и тој е во изолација.

Директорот на Идризово нагласува дека водат грижа и за вработените, работат со маски, има постојани дезинфекции во сите ќелии.

-Вчера имаше информација што не е основана за заболени затвореници од корона вирус, а јас можам да кажам за затворот Идризово дека во моментов немаме никакви индикации на корона вирусот. Ги презедовме сите мерки и предвреме, пред да дојдат сите забрани, забранивме посети, викенди, слободни видувања. Дозволени се само пакети да им се носат на затворениците со храна и со средства за хигиена, вели Мојсоски за МИА.

Управата за извршување на санкциите денеска претходно ја демантираше информацијата за појава на заболени осудени и притворени лица од новиот корона вирус, кои се наоѓаат на издржување казна затвор и мерка притвор во казнено-поправните установи во нашата држава. Управата преку соопштение реагираше на изјавата дадена од адвокатот Насер Рауфи на порталот „Журнал.мк“, а потоа истата прифатена и од порталот „Курир”.

Мојсоски за МИА истакна дека бројката на затвореници во ќелиите е во рамки на законот, е во нормала, нема пренатрупаност.

Вели сите капацитети се во функција. Во новото полуотворено и отворено одделение има над 400 затвореници, а намален е и бројот на затвореници во зградата во затворениот дел.

-Луѓето се рамномерно распоредени во сите одделенија, нагласи Мојсоски и додава дека во меѓувреме нарачале и далечински топломери, а температура се мери на секој затвореник и на секој вработен при доаѓање на работното место.

Во врска со здравствената заштита нагласува дека во затворот има затвореници со секакви заболувања и во итните случаи се реагира и тие се носат или во „Мајка Тереза“ или во „8 Септември“ со посебни комби возила со дезинфекција и заштитни маски.

-Во моментов имаме 24-часовна поддршка од Здравствен дом – Скопје, имаме доктори и ниту еден новодојден затвореник не се вклучува во системот, без претходно да биде изолиран, додава тој.

Мојсоски потенцира дека во обезбедувањето на затворот и негово непречено функцконирање се ангажирани сите вработени, на минимален број се сведени само оние во делот на администрацијата и оние кои имаат деца до десет години.

Од Управата, денеска порачаа дека доколку во која било казнено-поправна установа се појави случај со потврдена дијагноза од овој вирус, медиумите ќе бидат известени за истото и ќе се преземат мерки согласно со препораките.

Next Post

Објавен повик за чартер летови за наши државјани од Љубљана

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk