Делегации на Русија и САД утре во Истанбул ќе одржат уште една средба, најави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Како што пренесува украинскиот портал Медуза, преговорите ќе се фокусираат на отстранување на пречките за работата на дипломатските претставништва на двете земји.
– Мислам дека резултатите од средбата јасно ќе покажат колку брзо и ефективно можеме да напредуваме, рече Лавров.
Првите преговори меѓу делегациите на Руската Федерација и САД се одржаа на 18 февруари во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, а беа посветени, меѓу другото, на ставање крај на руско-украинската војна.
Руската делегација ја предводеше министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, а американската државниот секретар Марко Рубио. Оваа средба беше прва на тоа ниво од почетокот на руската инвазија врз Украина. Во преговорите не учествуваа претставници на ЕУ и Украина.