ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Додик осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење на функцијата претседател на РС

February 26, 2025 13:57
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик е прогласен за виновен пред Судот на Босна и Херцеговина (БиХ) под обвинение за непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ. Судот на БиХ денеска донесе првостепена пресуда против претседателот на ентитетот Република Српска (РС), Милорад Додик, со која е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење политичка функција како претседател на РС, објави Кlix.ba.

„Судот го осуди обвинетиот Милорад Додик на една (1) година затвор, како и мерка за безбедност забрана за вршење на функцијата претседател на Република Српска во рок од шест (6) години, од денот на правосилноста на пресудата“, соопшти Судот на БиХ.

Милош Лукиќ, в.д директорот на Службен весник на РС е ослободен од обвиненијата.

Обвинителството на Босна и Херцеговина го обвини Лукиќ за олеснување на објавувањето на указите на Додик во Службен весник на РС, пренесоа српските медиуми.

Тој е обвинет дека го продолжил процесот на носење закони со кои било предвидено дека во овој ентитет нема да се спроведуваат одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, ниту пак одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ ќе бидат објавени во службен весник.

Додик не присуствуваше на изрекувањето на пресудата, како и неговиот адвокат Горан Бубиќ.

Бидејќи се работи за првостепена пресуда, обвинителството има право на жалба.

По жалбите, Апелацискиот совет на Судот на Босна и Херцеговина треба да донесе правосилна пресуда во рок од околу три и пол месеци. Судењето на Додик и Лукиќ е прво судење пред судството во Босна и Херцеговина за кривично дело непочитување на одлуките на високиот претставник.

Обвинителството на Босна и Херцеговина во завршниот збор побара на Додик и Лукиќ да им се изрече затворска казна поблиску до максималната предвидена за ова кривично дело, а тоа е пет години, како и да им се изрече мерка на безбедност забрана за вршење на функција во период од десет години. За Додик престанок на функцијата претседател на РС, а за Лукиќ престанок на функцијата директор на Службен весник.

Д.Т. / Цивил Медиа

Tags: виновенДодик
Next Post

Јаневска: Законот за средното образование повлечен од собраниска процедура, треба да се доработува

НАЈНОВО

Man beating up his wife illustrating domestic violence

ДЗР: Системот за заштита на жените жртви на насилство е недоволно ефикасен

August 21, 2025

КОНКУРС за годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата

August 21, 2025
Фото: МИА

Првата награда „Златен стрип“ за Марко Стојановиќ, Милорад Вицановиќ Маза и Аљоша Томиќ од Србија

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk