ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Чупеска: Авантуризам на владата во надворешната политика без никаква стратегија и анализа

February 27, 2025 10:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма зборуваше за последните чекори на Владата и македонската дипломатија и поставеноста во однос на декларациите во ООН.

Чупеска нагласи дека ние сме во ситуација кадешто како земја немаме луксуз за истрчување како тоа што се случи и мора да се покаже одговорност во надворешната политика за мудро да се носат одлуките.

-Овој излет на владата го сметаме за екскурзија и авантуризам односно за непостоење на таква анализа, стратегија, план којашто би укажала дека ова нешто може некакви бенефити да ни донесе. Следното прашање е доколку ние како земја членка на ОН, како земја стратешки партнер на САД, како асоцијативен субјект во ЕУ, поддржуваме вакви принципи, свесни ли се во ДПМНЕ што тоа значи кога таков принцип би се применил во нашата ситуација, нагласи Чупеска.

Таа додаде дека ситуацијата е многу деликатна, дека Македонија мора да балансира во односите и со САД и со ЕУ.

-Македонија е во вакуум од аспект на неизвесност, зашто сепак зависиме од односот и со едните и со другите. Не сме биле во ситуација како сега, и не ни е побарано да бидеме во таква ситуација, а сами сме се истрчале да фаќаме страна за принципите за конкретната декларација. Ова се многу крупни прашања, во променети околности и затоа мора да се гледа државнички, конзистентно и принципиелно пред се. Да не се отколнуваме како држава од принципите или па уште полошо во случајов да поддржуваме принцип, којшто уште утре може да ни се удри од глава, тоа е голем ризик, додаде Чупеска.

Потпретседателката Чупеска истакна дека што побрзо треба да се консолидира заеднички надворешно политички став во врска со новите околности дали тоа ќе биде на лидерска средба или на собраниска седница.

-Мислам дека е ургентно во овој момент затоа што немаме простор за било какви екскурзии и авантури, излетувања, затоа што се отвораат и безбедносни прашања, порача потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

 

Tags: СДСМЧупеска
Next Post

Ливерпул сигурно чекори кон титулата во Премиер лига

Shortcut

Најново

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk