ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски: Направивме многу и на штета на идентитетот, но мора да сме оптимисти и да се бориме и во иднина

March 4, 2025 16:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Кога зборувам за македонската европска сага сакам да ја пренесам фрустрацијата што ја чувствуваат сите граѓани и сето она кое граѓаните мораат да го направат во името на таа иднина, а за возврат да добијат речиси ништо, бидејќи се наоѓаат онаму каде што бевме пред 20 години, дури и пред некои од земјите-членки кои сега веќе се во рамките на европското семејство или тие кои некои денеска ги нарекува фронтранери, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања за патот на земјава кон ЕУ, на заедничката прес-конференција со неговиот унрагски колега Виктор Орбан од Будимпешта.

Мицкоски рече дека како држава направивме многу, нешто, како што кажа, коешто значеше на штета на македонскиот идентитет, но мора да станеме оптимисти и да се бориме и во иднина.

-Мора да ја реализираме таа наша цел иако сме свесни дека тука има и малку домашна вина, бидејќи нашите домашни корумпирани политичари мислејќи дека Брисел ќе им ја заборави корупцијата и криминалот и уништувањето на државата со тоа што ќе потпишуваат и ќе прифаќаат се што ќе им биде ставено на маса, влегуваа во таков занес и ја влошуваа преговарачката позиција од месец во месец, од година во година. Оваа влада нема да прави компромиси со таков тип прашања, нагласи Мицкоски.

Додаде дека тие како Влада ќе ги почитуваат своите преземени обврски, но исто така, кажа, бараме и другите кои имаат преземено обврски, без разлика на нивната големина, без разлика дали се дел од ЕУ или не се, да ги почитуваат своите преземени обврски.

-Само така можеме да одиме напред и само така можеме да бидеме вистински пријатели, кога двете страни ќе се почитуваат. Кога едната страна почитува, а другата не, тоа не е пријателство, додаде Мицкоски.

Тој и во обраќањето на прес-конференцијата се осврна на евроинтеграциите, посочувајќи дека тоа била една од темите со кои разговарале со Орбан.

-Нашата стратешка цел како држава да бидеме дел од европското семејство нешто што го заслуживме многу одамна, била, е и ќе остане наша стратешка цел, тука не треба да има никој дилема. Но, исто така мораме да потенцираме тоа што македонските граѓани го дадоа за реализирање на оваа стратешка цел, која за жал не е поместена од состојбата која што беше пред 20 години е навистина бесценето, односно цената е толку голема што не може да се утврди. Бидејќи пред се зборуваме за билатерализација на процесот на преговори, а не европеизација на процесот на преговори, рече Мицкоски.

Тој изрази надеж дека овој процес конечно ќе биде откочен за земјава, со голема поддршка од Унгарија.

-Се надевам дека конечно овој процес и за нас ќе биде откочен, со голема поддршка од нашата пријателска Унгарија и дека ние како држава ќе почнеме да преговараме, а јас сум убеден дека многу скоро доколку имаме можност да ги започнеме тие преговори на основа на вистински Копенхашките критериуми да ги завршиме успешно и да бидеме дел од ЕУ, истакна премиерот.

Орбан, во одговор на новинарско прашање, рече дека ова што се прави кон Северна Македонија од страна на ЕУ не е фер и е срамно.

-Јас како патрнер којшто долго време има преговарано со ЕУ, сметам дека е срамно тоа што го прави ЕУ тука. Како што кажа вашиот премиер, преговорите  со ЕУ се сега билатерализирани, наместо Унијата да помогне со решавањето на овие конфликти, најголемиот морален долг на ЕУ сега постои кон Северна Македонија. Она што можеме да го направиме како држава членка на ЕУ е што потесно да соработуваме со Македонија, во економијата, во трговијата, во културата, во полициската соработка, ова не е замена за интеграцијата, но може да се смета за утешна награда на овој начин да им обезбедиме можност за изградба на заеднички регион со Србија и Македонија, рече Орбан.

Next Post

Ведрин: Општеството мора да се разбуди, демократијата ќе победи

НАЈНОВО

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

August 24, 2025

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk