ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Кузеска: Скандал на власта – Инспекторите работат на црно, сите контроли се незаконски

March 5, 2025 12:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

На денешната прес-конференција на СДСМ, партискиот портпарол Богданка Кузеска откри загрижувачки информации во врска со функционирањето на Државниот инспекторат за труд, обвинувајќи ја актуелната влада за хаос во институциите и грубо кршење на законите.

Според Кузеска, од 28 февруари трудовите инспектори формално не се вработени бидејќи се одјавени од Агенцијата за вработување, што значи дека работат без правен основ, односно „на црно“. Оваа ситуација, како што потенцираше таа, ја компромитира целата инспекциска работа и ги прави сите извршени контроли незаконски.

„Инспекторите кои треба да се борат против сивата економија, самите се ставени во состојба да работат без никаква правна основа. Владата на Христијан Мицкоски ги доведе во ситуација тие да работат без договор, што е скандалозно и недозволиво“, изјави Кузеска.

Дополнително, таа информираше дека инспекторите со задоцнување ја добиле платата за декември 2024 година – дури на 12 февруари оваа година, додека платите за јануари и февруари 2025 година сè уште не се исплатени. Ова значи дека инспекторите немаат ниту здравствено осигурување, што е, според СДСМ, директно загрозување на нивните работнички права.

„Замислете, тие што треба да ги штитат работниците, сега самите се оставени без никаква заштита, без плата и без осигурување. Ова се парадоксите на новото нормално на ДПМНЕ“, додаде Кузеска.

СДСМ потсети дека проблемот со статусот на инспекторите е последица на измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа, за кои партијата предупредувала уште минатата година. И покрај тоа што два пати се правеле законски измени, проблемот не е решен, а администрацијата е доведена во состојба на хаос.

„Бараме власта веднаш да го реши проблемот, сите инспектори да бидат повторно пријавени и да им се исплати платата. Овој хаос не смее да продолжи, а за него мора да има одговорност“, порача Кузеска.

 

Tags: инспекториКузеска
Next Post

Во домот на еден од осомничените за убиството на Вања и Панче, биле пронајдени ловечка пушка и куршуми за пиштол, но не и пиштолот

НАЈНОВО

Финалето во Лигата на шампиони од наредната година во попладневен термин

August 28, 2025

Трамп во Белата куќа одржа состанок за Газа со зетот Кушнер и поранешниот британски премиер Тони Блер

August 28, 2025

Владата на Србија усвои уредба за ограничување на маржите на 20 проценти

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk