ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Клековски: Годишната набавка на лекови од биолошка терапија ќе биде објавена до петок

March 5, 2025 14:24
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

В.д. директорот на Фонд за здравствено осигурување Сашо Клековски денеска во однос на недостатокот на биолошката терапија на Клиниката за радиотерапија и онкологија, информираше дека само еден лек е во дистрибутерска дефектура, а очекува до петок да биде објавена годишната набавка на лекови. Тој е на ставот дека ќе се обезбеди стабилно снабдување на пациентите со потребните лекови во текот на годината и почетокот на следната година.

-Во однос на општата состојба на Онкологија, ми се чини дека само еден лек е во дистрибутерска дефектура и тој се работи со дистрибутерот, односно се чека да се реши со произведителот. Очекувам дека до петок ќе биде објавена годишната набавка на лекови, при што ќе имам можност заедно со директорот Игор Стојковски да ја промовираме. Ова ќе биде многу позначајно од досегашните набавки и ќе обезбеди стабилно снабдување во текот на годината и почетокот на следната година, изјави денеска Клековски пред почетокот на предавањето „Карцином на дојка“ што се одржува во Скопје, во организација на ХЕМА-ОНКО.

Прашан за предвидениот буџетот во однос на примарни и секундарни реконструкции на дојка на пациентите со рак на дојка, Клековски рече дека се предвидува заеднички буџет за Клиника за торакална хирургија и Клиника за пластична хирургија, а таргетот ќе биде 120 до 150 операции годишно.

-Во оваа година предвидовме заеднички буџет за двете клиники – Клиника за торакална хирургија и Клиника за пластична хирургија, за примарни и секундарни реконструкции на дојка. Таргетот е 120 до 150 операции годишно, а во финансии ќе бидеме флексибилни во зависност од тоа колку пациенти ќе се појават, изјави Клековски.

Како што подвлече, потребата ова да се стави на условен буџет е да не се префрлува топката на чија одговорност ќе биде овој зафат, туку да се овозможи директно плаќање кон потребите на пациентите.

-Потребата да го ставиме ова на условен буџет е да престане префрлувањето на топка на чија одговорност е овој зафат и да овозможиме плаќање директно кон потребите на пациентите. Ова е дел од тоа што го разговарам во хема-онко планот, бидејќи и оваа услуга не е естетска услуга, туку е дел од севкупниот третман на болните пациентки со рак на дојка, рече Клековски.

Tags: биолошка терапијаКлековски
Next Post
Фото: Скриншот

Полскиот претседател Дуда: Се надевам дека Трамп ќе биде остар и со Путин, а не само со Зеленски

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk