Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок оцени дека разговорите меѓу американската и украинската делегација во Џеда се важен чекор во потрагата по траен мир и безбедност.
„Резултатите од украинско-американските преговори би можеле да бидат важна пресвртница во напорите на Украина за траен мир и безбедност. Германија, заедно со нашите партнери, ќе го поддржат украинскиот народ на овој пат, напиша таа на социјалната мрежа „Икс“, додавајќи дека Русија сега мора да стави крај на својата агресивна војна.
По разговорите меѓу украинската и американската делегација во Џеда, Саудиска Арабија, вчера, Украина изрази подготвеност да го прифати предлогот на САД веднаш да се воведе 30-дневен прекин на огнот.