ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вучиќ во подкаст кај синот на Трамп: Бевме на украинска страна но не воведовме санкции кон Русија

March 14, 2025 08:41
in ДЕНЕС, СВЕТ

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа во интервју за подкастот на Доналд Трамп помладиот изјави дека Србија е земја која доживеа голем економски развој во последните години, држава со независен и суверен пристап кон меѓународната политика, но и земја која се соочува со протести и во која е во тек обид за „обоена револуција“ со многу пари вложени однадвор.

Во интервјуто за подкастот „Triggered“ на платформата „Rumble“, чиј автор е синот на американскиот претседател Доналд Трамп, Вучиќ рече дека Србија сè уште не е членка на ЕУ и дека е земја која е на „нов пат“ кон нејзиниот развој.

-Нашата земја минатата година беше втора најбрзо растечка економија. Оваа година веруваме дека Србија ќе биде број еден најбрзо растечка економија во Европа. Во последниве години, навистина постигнавме голем економски напредок и големо влијание врз животниот стандард на луѓето. Ситуацијата, се разбира, никогаш не е идеална и секогаш може многу да критикувате, но генерално Србија е на добар пат, изјави Вучиќ.

Тој посочи дека Србија многу инвестира во инфраструктурни работи и се обидува да привлече многу странски директни инвестиции, а тоа успешно го прави во последните години.

-Од друга страна, продолжуваме да се гордееме што имаме независен и суверен пристап кон меѓународните политички настани, актери и идеи. И тоа е она што на некој начин ја прави разликата меѓу нас и барем многу земји од Европската Унија. Од друга страна, има неколку земји во Европа кои се соочуваат со протести. Во моментов една од тие земји е Србија. Големи протести против нас поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, рече Вучиќ.

Тој изјави дека „трагичната несреќа била искористена против властите, иако обвинителството покрена обвиненија против сите луѓе за кои сметаше дека се одговорни за тоа“.

-Ја завршивме нашата работа, ги исполнивме сите барања на студентите, но тоа не беше доволно. И сфатив, во средината на декември, дека ова е „обоена револуција“ во тек, увезена револуција, нешто со што не може лесно да се справиме. И не е лесно, но верувам дека сме на многу добар пат успешно да го надминеме, потенцира Вучиќ.

Вучиќ рече дека се вложени огромна сума пари од надвор, од различни земји, како и од разни фондации и агенции. Тој изјави дека има три причини зошто сакале да ја дестабилизираат Србија, а првата е тоа што „таа се развива подобро од другите земји во регионот и дека другите не сакале да го имаат тој дисбаланс“.

-Од друга страна, Србија имаше своја независна политика бидејќи бевме на украинска страна кога разговаравме за територијалниот интегритет, но во исто време бевме единствената земја што не воведе санкции кон Русија, бидејќи администрацијата на Клинтон воведе санкции против нас и ние се уште го паметиме тоа. И тоа беше една од главните причини зошто не сакавме да го направиме тоа, изјави Вучиќ.

Tags: ВучиќТрамп
Next Post

Русија, Иран и Кина започнаа разговори за иранската нуклеарна програма

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

August 24, 2025

Д-р Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

August 24, 2025

(ВИДЕО) Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајните на Месечината: Зошто не сме ја посетиле со децении по Аполо мисиите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk