Францускиот претседател Емануел Макрон na 18 март ќе го посети Берлин, каде ќе се сретне со германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц, потврди денеска портпаролот на германскиот лидер.
Разговорот на Макрон и Шолц ќе се фокусира на прашањата на европската политика во пресрет на самитот на лидерите на Европската унија во Брисел што ќе се одржи идната недела, се вели во изјавата на портпаролот.
Според портпаролот, тема на средбата меѓу Шолц и Макрон ќе биде и развојот на ситуацијата во Украина.