ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

АХВ утврди недоследности кај 41 оператори во магацини и ладилници за храна

March 15, 2025 10:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

 Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) инфомира дека минатата и оваа недела спроведени се 154 вонредни инспекциски надзори во магацини и ладилници за храна, при што утврдени се недоследности кај 41 оператор, за што се издадени решенија за наредба, изречени се 15 парични казни и уништени се десеттина килограми небезбедна храна.

Кај седум од контролираните оператори утврдени се незадоволителни хигиенски услови, а кај двајца, производите не биле означени (декларирани) на македонски јазик.

АХВ инфомира дека, кај осум оператори со храна утврдено е дека вработените немале санитарни книшки, односно биле затекнати без задолжително спроведен здравствен преглед. Кај еден од операторите кај кој е спроведен инспекциски надзор, АХВ утврдила дека врши недозволено препакување на производи од животинско потекло.

Инспекциските служби на АХВ, минатата недела во Скопје, при спроведен вонреден надзор, затворија нелегална работилница за производство на производи од месо. Нештетно уништија околу 200 килограми небезбедни производи. За сторениот прекршок, како што информираат, работа без одобрение од АХВ и ставање во промет на небезбедни производи, на нелегалниот оператор изречена му е и парична казна.

При друга спроведена вонредна контрола, од физичко лице, одземени се и 50 килограми производи од месо со непознато потело. Производите се продавале на отворено, без потребен температурен режим. За сторениот прекршок, на физичкото лице изречена му е парична казна, а одземените небезбедни производи од месо нештетно се уништени.

Tags: АХВ
Next Post
Фото: Данас

Студентите во блокада ја менуваат локацијата на денешниот протест во Белград заради избегнување евентуално насилство

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk