Во објава на Х, претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ вечерва ги отфрли наводите дека нападот за време на инцидентите на вечерашниот протест пред Парламентот го извршил некој од кампот во Пионирски парк, туку дека „екстремисти“ ги нападнале и студентите во блокада и студентите во паркот, јави МИА од Белград.
„Лага е дека некој од Пионирски парк нападнал некого. Јасен доказ дека екстремисти ги нападнале и студентите во блокада и студентите во Пионирски парк . Насилството нема да биде дозволено“.
Студентското обезбедување во блокада прогласи крај на протестот пред српското Собрание, ги отстрани маркерите, а на насобраните им нареди да се повлечат, по инцидент .
Дел од насобраните граѓани, иако студентите прогласија крај на протестот, се уште е пред Собранието на Србија.
Белградски медиуми јавија за две приведени лица вечерва од пред просторот меѓу Собранието и Претседателството и дека се распоредени припадници на жандармеријата со опрема за разбивање протести пред Правниот факултет во Белград.
Српското МВР соопшти дека на повеќе локации во центарот на Белград дошло до инциденти и тепачки меѓу дел од учесниците на денешниот протест, кои повеќепати ги напаѓале полицајците обидувајќи се да ги спречат во извршувањето на работните задачи и да предизвикаат поголем немир.
Припадниците на Министерството за внатрешни работи ги преземаат сите мерки и дејствија од нивна надлежност за спречување на понатамошна ескалација на овие инциденти, зачувување на јавниот ред и мир, заштита на граѓаните и одржување на безбедноста, се наведува во соопштението.
„Полицијата упатува последно предупредување веднаш да престане со сите напади и провокации врз полициските службеници, во спротивно полицијата согласно законот ќе мора да интервенира и да ги заштити своите службеници.
Поврзано:
Студентите во блокада: Нашиот протест заврши, фрлани камења од Паркот Пионер