ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Не се откажувам од кратењето на платите на администрацијата, не е добра вест, но тоа e реалноста

И ние во партијата имаме различни мислења и тоа е легитимно. Но, дефинитивно ако политичките партии  сакаат да бидат одговорни партии, како што се фалиме со добрите вести, така и неблагопријатните вести треба да им ги соопштуваат на граѓаните

March 26, 2020 22:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кратењето на платите на администрацијата не е добра вест, но тоа e реалноста. Јас како претседател на СДСМ не се откажувам. И ние во партијата имаме различни мислења и тоа е легитимно. Но, дефинитивно ако политичките партии  сакаат да бидат одговорни партии, како што се фалиме со добрите вести, така и неблагопријатните вести треба да им ги соопштуваат на граѓаните, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, на денешното гостување на Националниот телевизски сервис.

„Не смееме да дозволиме да дојдеме до тоа државниот трезор да каже повеќе не можеме да ги алиментираме налозите за плаќање оти нема пари. Тогаш ќе нема пари за болници, лекови… Ако солидарно се организираме ќе не биде, ќе го издржиме ова и ќе го скратиме периодот на кризата. Мора буџетот да се полни за да имаме за здравство, лекови, полиција, војска, плати, пензии…

Не смееме да дозволиме основните функции на државата да бидат загрозени. Колку и да е тешко, нека е тешко. Политичари што калкулираат може да се исмејуваат со ова, но политичари што се државно ориентирани и им е важна и државата и народот го соопштуваат и најтешкото. Нашата земја поминала многу тешкотии, ќе го поминеме и ова ако сме здружени, солидарни, сериозни и одговорни.  Да превенираме за да не ставиме респиратори на економијата“, нагласи претседателот Заев.

Тој оцени дека мерката за намалување на платите на државната и јавната администрација за април и мај е многу солидарна и правична.  Многу од оние што земаат минимална плата, како што се работниците, земјоделците, секако и компаниите се оние што го полнат буџетот.

„Од друга страна и во администрацијата оние што земаат поголема плата ќе им се намали повеќе, на оние што земаат помала плата ќе им се намали помалку. На крајот во услови кога кредитите и извршителите се одложуваат најмалку три месеци мораме да стиснеме заби и да одиме напред“, додаде Заев.

Next Post

Помпео ја поздрави одлуката на ЕУ за старт на преговорите со Скопје и Тирана

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk