ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Кaко не ви е срам и арам, бре!?

March 16, 2025 20:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ, ФРОНТ
Проф. Љубомир Фрчкоски (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Љубомир Фрчкоски (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЉУБОМИР Д. ФРЧКОСКИ

Во монструозната операција која се води сега за „контрола на штетата“ (damage control) од ДПМНЕ и нивниот министер за внатрешни, а настаната од неверојатната трагедија која ни се случи на сите нас со смртта на 60-тина младинци/ки во ноќниот клуб „Пулс“, овие актери бесрамно се обидуваат уште малку па да ги обвинат за ужасниот настан Зоран Заев и Али Ахмети, како ми се чини.

Завлегувајќи во некои апсења, потерници, во дебати кој ја издал и до кога важела лиценцата за Клубот, во ароганција помешана со страв кој извира од очите на Министерот кога им дели лекции на новинарите за тоа како да поставувале прашања – се во сенка на ужасната трагедија – не можете да почувствувате друго, освен превртување во стомакот, од гадење и бес.

Министерството за внатрешни со серија акти – кои не ги спровело – е одговорно за настанот, трагедијата, односно, ако ги спровеле законските обврски кои морале, настанот можел да биде спречен или барем неговите последици драстично намалени. Имено, МВР морало, бидејќи било претходно информирано, поради неговата обемност и можност од било какви инциденти (тоа се прави рутински со такви настани), да го обезбеди настанот однадвор. Но МВР тоа не го сторило!

МВР морало да обезбеди, внатре во салата, полицајци за можни инциденти долж концертот (истото вообичаено се прави за настани од ваков обем: 1.500 млади луѓе во затворен простор кој е сомнително адаптиран за таков настан). Значи, не да праќа полицајци да ловат дилери, туку да проценуваат можни инциденти и опасни ситуации и да го запрат концертот ако е потребно.

Каква сака да му е лиценцата на клубот, и да му била супер-легална, не може да му овозможи на затворен клуб одржување на концерт со 1.500 луѓе, без посебна проверка и посебна дозвола! Лажна и замајувачка е дебатата до кога траела лиценцата, кој ја потпишал и слично.

Еве, да претпоставиме дека била легална, да траела уште една година? Што со тоа? Повторно е невозможно да добие дозвола клубот за конкретен концерт од ваков обем, за што директно е одговорно (за проценката и дозволата) токму МВР, а тоа таква проценка не направило!

  • МВР морало да обезбеди противпожарни возила околу објектот поради неговиот обем и ризик и веројатно и кола за брза помош (сето тоа се рутински работи за концерт од ваков обем и на вака ризично место). МВР тоа не го сторило.
  • МВР, што е најважно и најтрагично, морало да издаде посебна дозвола за користење на пиротехнички средства. МВР таква дозвола не издало, ниту разгледувало, а нивната употреба/злоупотреба била директна причина за пожарот и трагедијата.

Мачно е да го гледаш Министерон за внатрешни како глуматара ароганција во ситуација кога мора да понесе политичка одговорност за нечинење на министерството кое го раководи. Значи, кратко: Оставка Министре.

Вашите прес-конференции новинарите треба со свртен грб да ги следат.

Вашиот мандат ќе биде обележен со оваа трагедија, но тоа е така никој посебно нема да го забележува тоа во сенката на оваа огромна трагедија за Македонија и семејствата на младинците/ките кои ги загубија животите и чии семејства никогаш повеќе нема да можат да бидат исти.


Извор: Либертас

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Дејвид Атенбороу со нов документарец го одбележува својот 99. роденден

May 9, 2025
ДЕЗИНФОРМАЦИИ - илустрација креирана со помош на deepAI

ВИ: Лажните факти и претстави на четботовите сѐ уште проблем

May 9, 2025

„Комодор 64“ се поврза со „Чет-ГПТ“

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk