Припадници на српската полиција се групираат од утрово пред и во Градското собрание на Нови Сад откако студенти од Нови Сад во текот на ноќта се обидоа да ги блокираа сите влезови.
Претпладнево е закажана седница на одборниците во Градското собрание на која треба да гласаат за буџетот, за деловната програма на сите јавни претпријатија и за 60 други точки од дневниот ред. Седницата беше закажана вчера.
Студентите најавија дека нема да влезат во зградата, туку ќе преноќат надвор во знак на протест против, како што наведоа, „нетранспарентното одлучување“ и „недијалогот со граѓаните“.На социјалните мрежи упатија итен повик до граѓаните и професорите да им се придружат.
Студентите најавија дека се против одржување на седницата на Денот на жалост, што беше прогласен поради смртта на најмалку 59 лица во пожар во Кочани. Тие оценија дека закажувањето на седницата за 18 март е „непримерен потег на властите“.
Полицијата околу два часот по полноќ реагирала и употребила сила врз студенти од Нови Сад. Подоцна била распоредена жандармеријата која ја смирила ситуацијата, јавија локални медиуми.
Бојкот на седницата најави опозицијата.Нови Сад се уште нема усвоен буџет и е на привремено финансирање.