Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Волкер Турк изјави дека е згрозен од обновеното израелско гранатирање на Појасот Газа, во кое загинаа неколку стотици луѓе, и повика „овој кошмар веднаш да престане“.
„Единствениот пат е политичко решение (на конфликтот) во согласност со меѓународното право. Прибегнувањето на Израел кон уште поголема воена сила само ќе предизвика дополнително страдање на палестинското население, кое веќе е во катастрофална ситуација“, нагласи Турк.