Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска му се заблагодари на папата Франциск за неговите 12 години служба како поглавар на Римокатоличката црква.
Матарела му испрати порака на Папата, кој беше инаугуриран на 19 март 2013 година, а моментално се лекува во римската болница Гемели од пневмонија, посакувајќи му брзо закрепнување.
„Заедно со мене, италијанскиот народ ви е благодарен за овие 12 години во кои покажавте најавтентично сведоштво за евангелските вредности, во постојана служба не само на Католичката црква, туку и на целото човештво“, рече Матарела.
Папата (88) беше примен во римската болница Гемели на 14 февруари со тешка респираторна инфекција и оттогаш не е виден во јавноста.