ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Наместо сплотување, хајки против неистомислениците

Поддржувачите на власта во медиумите и на социјалните мрежи повторно водат оркестрирани хајки против студентите и граѓанските инцијативи што најавуваат собири и протести. Повторно се „спружуваат“ медиуми, новинари, граѓански организации и активисти, повторно се прогласува за „шарен“, „платеник“ и „предавник“ – секој што ја критикува истрагата за трагедијата и постапките на „безгрешната“ власт, која бара одговорност секаде, но најмалку во сопствените редови.

March 23, 2025 18:59
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Петрит Сарачини

Петрит Сарачини

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Иако претставниците на власта декларативно повикуваат на „сплотување“ и надминување на разликите, деновиве сè почести се обидите да се оцрни, замолчи и задуши критиката и револтот на граѓаните за трагедијата во Кочани.

Поддржувачите на власта во медиумите и на социјалните мрежи повторно водат оркестрирани хајки против студентите и граѓанските инцијативи што најавуваат собири и протести. Повторно се „спружуваат“ медиуми, новинари, граѓански организации и активисти, повторно се прогласува за „шарен“, „платеник“ и „предавник“ – секој што ја критикува истрагата за трагедијата и постапките на „безгрешната“ власт, која бара одговорност секаде, но најмалку во сопствените редови.

Овие јалови обиди за бегство од сопствената одговорност не носат ниту сплотување, ниту обединување на целата земја за „промена на системот“. Тие многу повеќе потсетуваат на темните времиња на Груевски и „заробената држава“.

И по тие времиња, иако имаше далеку повеќе простор за критикување и протестирање, за жал не се презедоа порешителни чекори за справување со убиствената корупција, криминал и долгогодишна ерозија на системот. Неказнивоста и недостатокот на слух за овие суштински потреби на граѓаните придонесоа во голема мера за катастрофалниот изборен пораз на минатата власт.

Но зарем новата власт не научи никаква лекција од минатото?

Зарем граѓаните немаат право да се револтирани, да протестираат и да бараат одговорност? Зарем медиумите немаат право да критикуваат и да бараат одговори за сите недоследности во истрагата и неодговорените прашања? Зарем со плукање и оцрнување на неистомислениците „ќе го смениме системот“? Зарем со вакви хајки не се засилуваат уште повеќе сомнежите дека власта сака да се амнестира себеси од вината?

Наместо да троши време на организирање хајки, демнење и шиканирање на критичарите,      должност на власта е да го разбере и почитува револтот, да ја слушне критиката и прашањата на граѓаните, студентите, медиумите и граѓанските организации! Нејзина должност и одговорност е да спроведе неселективна и транспарентна истрага, која ќе лоцира одговорни виновници, и во минатото, но и во сегашноста.

Само така, и никако поинаку, може да се смени системот кој нè убива сите, без оглед на нашата припадност!


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од ИМА
Tags: Петрит Сарачини
Next Post

Без струја дел од корисниците во Бутел, Зелениково, Карпош и Ѓорче Петров

НАЈНОВО

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
Скриншот

Израел им забранува слободен пристап на странските новинари во Газа и по прекинот на огнот

October 23, 2025

ЕУ го одобри 19-тиот пакет санкции кон Русија: Удар врз енергетиката, финансиите и воено-индустрискиот комплекс

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk