ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МИОА: Дневни дозволи за работа после 21.00/16.00 часот за органи на државната власт, кризни штабови, медиуми, погребални претпријатија и пекари до пет вработени

Од Министерството посочија дека вработени во здравствените организации треба да се достават податоци за сите вработени лица: име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон и е-mail.

March 27, 2020 16:38
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Полициски час Скопје, Транспортен центар. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Полициски час Скопје, Транспортен центар. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Министерството за информатичко општество и администрација соопшти дека, согласно последните насоки на Владата, е задолжено да издава дозволи за движење за време на траење на забраната за движење по 21.00/16.00 часот за органи на државната власт, кризни штабови, медиуми, погребални претпријатија и пекари до пет вработени.

Од МИОА наведоа дека дозволите се издаваат за органите на државната власт, кои треба да достават неделни распореди за вработените за кои се потребни дозволите за движење, како и табела со следните податоци за вработените: име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, е-mail и причини поради кои е потребна дозволата.

– Дозволи за општинските кризни штабови, кои доставуваат податоци преку Заедницата на единици на локални самоуправи (ЗЕЛС) до МИОА Податоците потребно е да ги достават секој ден-недела најдоцна до 12.00 часот, за наредната работна седмица, на cabinet@mioa.gov.mk, наведоа од МИОА.

Од Министерството посочија дека вработени во здравствените организации треба да се достават податоци за сите вработени лица: име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон и е-mail.

– Дозволи се издаваат за медиумските работници и другите вработени во медиуми кои се дел од мобилните екипи на медиумот (фотографи, сниматели и останат технички персонал) се потребни следните информации: име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, е-mail и причини поради кои е потребна дозволата. Дозволите ќе се издаваат на сите медиуми кои се регистрирани во регистарот на АВМУ (Регистар на печатени медиуми /Регистар на телевизии / Регистар на радија), како и сите онлајн медиуми од Регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија (Регистар на професионални онлајн медиуми), наведоа од МИОА.

Од Министерството соопштија дека за дозвола за пекарите/бурекџилниците до пет вработени потребни се следните информации: тековна состојба за правното лице, не постара од шест месеци, фотографија од објектот во кој се врши дејноста, име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, е-mail и причини поради кои е потребна дозволата.

– За дозвола за погребалните правни лица се потребни следните информации: име и презиме, матичен број, мобилен телефон, е-mail и причини поради кои е потребна дозволата. Табелата со сите горе споменати категории потребно да се достави до Министерството за информатичко општество и администрација на меил адресата: cabi-net@mioa.gov.mk. Оваа информација е потребна за секоја работна седмица поединечно, образложија од Министерството.

Министерството за информатичко општество и администрација истакна дека не издава дозволи за вработени во приватни фирми и не прима барања во хартиена форма.

Next Post

Шекеринска: Денес нашата генерација ја запиша својата прва историска победа, 27 март е датум кој ќе влезе во учебниците на нашата историја

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk