Додека траат одделните разговори на САД со Украина и Русија за ставање крај на руската војна во Украина, и двете земји се сложија за иограничен прекин на огнот, се чини дека Северна Кореја испратила уште најмалку 3.000 војници во Русија на почетокот на оваа година, соопшти војската на Јужна Кореја во четвртокот, покажувајќи ја континуираната поддршка на Пјонгјанг за војната на Москва против Украина додека светските лидери се залагаат за прекин на тригодишниот конфликт, објави Си-ен-ен, пренесува Цивил Медиа.
Зајакнувањата, испратени во јануари и февруари, се надополнуваат на приближно 11.000 војници што Северна Кореја досега ги испратила во Русија, соопшти началникот на здружениот генералштаб на Јужна Кореја. Според Сеул, околу 4.000 од нив се убиени или повредени во борби.
Пјонгјанг, исто така, испрати „значителна количина“ балистички ракети со краток дострел и околу 220 парчиња самоодни хаубици од 170 милиметри и повеќекратни ракетни фрлачи од 240 милиметри, соопшти Јужна Кореја. Се вели дека придонесите на Северот „се очекува да се зголемат според ситуацијата“.
Вестите за континуираната поддршка на Северна Кореја за упадот на Русија доаѓаат кога европските лидери и сојузници треба да се сретнат денес во Париз за да разговараат за поддршката за Украина и долгорочната стабилност во регионот, во услови на несигурни напори на Белата куќа да посредува за прекин на огнот.
Д. Мишев / Цивил Медиа