ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Официјално оградување на „Кој е следен?“ од политичките партии: Не ни треба вашата поддршка

March 28, 2025 14:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Фото: Фронтлајн

Фото: Фронтлајн

Граѓанската иницијатива „Кој е следен?“, преку објава на социјалните мрежи истакнува дека не бара поддршка од политичките партии, туку дека бара поддршка за нивните барања од институциите.

Обраќањето го пренесуваме во целост

„ОФИЦИЈАЛНО ОГРАДУВАЊЕ ОД ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ

Ние не бараме поддршка од политичките партии, бараме поддршка за нашите барања од институциите. Затоа што институциите работат за граѓаните, а политичките партии работат за себе.

Политички партии кои во овој момент или во минатото активно учествувале во креацијата, развојот и во одржувањето на ваквиот трул систем кој со децении ја крои и пеплосува македонската општествена реалност, не може да бидат наши сојузници!

Овој систем е ваше чедо, продукт на вашите пропусти и лаги, на вашите тајни договори и намерни заташкувања. Продукт на вашето селективно изразување поддршка и на вашите постојани грешки.

Нашиот одговор е: не, фала. Од вас не сакаме поддршка. Очекуваме оставки, одговорност и систем што функционира. „Кој е следен?“ се роди токму поради Вашата нефункционалност – местото не Ви е до нас!

Затоа упатуваме јасна порака до сите политички партии:

Порака до опозициските партии:

До СДСМ: Со кој легитимитет денес ја поддржувате борбата за правда, кога токму вашето владеење придонесе овие барања да постојат? Ја одбиваме вашата „поддршка” бидејќи ваквите обиди за приклонување не само што се провидни, туку и навреда за сите оние кои со години се борат против неправдите на овој корумпиран систем, од кој вие самите сте дел и помогнавте да се изгради. Нема потреба да се согласувате со барањата на „Кој е следен“ – тие се токму адресирани и до вас.

Воедно, не сакаме поддршка ниту комуникација со ДУИ – партија со клучна улога во креирањето на системот кој наместо да штити, дозволува насилство и неказнивост. ДУИ е симбол на корупцијата, клиентелизмот, политички притисоци и институционалниот распад. Дел од најсериозните системски девијации се токму нивно наследство.

Се оградуваме и од јавната поддршка на Левица – доколку сакате да го смените системот, дејствувајте преку механизмите со кои располагате во Собрание, а не со евтин хаштаг популизам.

Порака до партиите кои се на власт (ВМРО–ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН):

Доколку навистина го разбирате народниот револт како што тврдите, повикајте на обединување, бидејќи тоа ни е денес најпотребно, во тој случај нема да има потреба од манипулации, пропаганда против наши членови и ширење страв и омраза, туку ќе ги искористите механизмите кои ви стојат на располагање и ќе ги остварите нашите барања – неселективно и без компромис за ‘своите’ луѓе.

Ја имате сета моќ во ваши раце. Очекуваме одговорност, транспарентност и итни мерки за заштита и безбедност на граѓаните. Вашиот досегашен однос, придружен со вулгарна реторика, укажува на опасно оддалечување од демократски вредности и нe води кон вистински системски промени. Време е за сериозно преиспитување и одлучна промена на правецот во интерес на јавниот добробит и иднината на општеството.

„Кој е следен?“ не е простор за политичка рециклирана поддршка, туку граѓански повик за одговорност и вистинска промена. Партиите имаат отворен простор на дејствување и интервенции во системот преку Собранието и нивните вработени во сите институции. Наместо да издаваат соопштенија, нивните пратеници треба да се фокусираат на системски промени и конкретни решенија. Соопштенијата не значат ништо, освен обид да се присвои автентичниот народен револт.

Ние бараме правда, отчетност и темелни промени во системот – нешто што ниту една од политичките партии не успеаа да го испорачаат. Наместо поддршка на хартија и празни зборови, очекуваме конкретни дела и одговорност. „Кој е следен“ не е и нема да биде платформа за партиско поентирање. Ова е автентичен граѓански повик за правда и градење на систем кој ќе служи на сите, а не само на партиите.

Системот е следен, но не забораваме кој беше претходен.“, се наведува во објавата од „Кој е следен?“

Инстаграм/Кој е следен

Иницијативата „Кој е следен?“ в сабота од 11 часот иницира настан пред македонското Собрание.

„Кога тие ги пакуваат куферите, ние ја полниме улицата. Кога тие заминуваат на одмор, ние доаѓаме пред Собранието. Не затоа што немаме што да правиме. Туку затоа што имаме што да кажеме“, се наведува во објавата на Инстаграм, на „Кој е следен?“.

Како што велат тие, собирот пред Собрание е поради тоа што имаат „барања што не може да чекаат и затоа што демократијата не оди на одмор“.

Оттаму истакнуваат дека настанот ќе биде поделен во 2 дела:

1. Презентирање на барањата, во првиот дел ,,Кој е следен?” ќе ги презентира своите барања во целост;

2. Микрофонот е отворен за секој граѓанин кој сака да го изнесе своето мислење околу барањата, или да сподели генерален став за моменталната состојба.

„Граѓаните ќе зборуваат. Ќе критикуваат. Ќе поддржуваат. Ќе го кажат тоа што предолго тлее. Ова е простор за гласот што не сакаат да го слушаат. Ова е твојот простор. Наш простор. Настанот ќе трае додека има граѓани што сакаат да бидат слушнати. Ако имаш што да кажеш — подготви го дома и кажи го пред сите. Не чекај да те повикаат. Нека ова биде твојот повик!“, наведуваат од Иницијативата „Кој е следен?“.

 

Tags: Кој е следен?Партии
Next Post

(ИЗБОР) Албански медиуми: Процесот на ЕУ и интеграции на Албанија не зависи од исходот на изборите; Соренсен, надеж за прашањето на исчезнатите; Русија не наоѓа мир со себе

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk