ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

УСС на УКИМ со повик до пратенците да ги поддржат измените на Законот за субвенциониран студентски оброк

April 1, 2025 15:55
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ

Опсегот на мерката субвенциониран студентски оброк ќе се прошири за нови четири илјади студенти, изјави претседателот на Универзитетското студентско собрание на УКИМ Александар Николовски откако денеска во Собранието беше усвоен заклучок да се поддржи донесување на Предлог-закон за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк, по скратена постапка.

Како што на собраниската седница образложи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов, на барање на студентите правото на оваа субвенција се надградува и за оние студенти кои досега не можеле да го остварат т.е. ќе важи и за постдипломци и студенти на интегрирани студии на државните и  приватните универзитети, регистрирани индивидуални земјоделци и вработени со приходи до утврдената минимална плата.

Претседателот на студентската организација Николовски апелираше до сите пратеници да гласаат за донесување на измените на законот со цел, како што рече, „да се подигне студентскиот стандард за нови 4000 студенти“.

Потсети дека минатата година дневниот износ на субвенционираниот оброк беше зголемен за 20 денари, односно од 120 на 140 денари, а за оваа година одлучиле да биде зголемен опфатот на студенти.

-За оваа година го зголемуваме опсегот, а за следната академска година ќе биде побарано и зголемување на сумата за сите корисници, со висината на инфлацијата за оваа и следната година, затоа што првично сметавме дека е подобро да се прошири опсегот, а потоа за сите да биде зголемена и сумата, изјави Николовски.

Посочи дека УСС на УКИМ  организирало и акција за студентски попусти во локалите низ градот и дека има 30-ина кои нудат оброк за 140 денари или нудат попусти на нивните оброци.

-Со ова веќе не е субвенционирана сума туку и целосно покривање на оброкот, со што целосно ја задоволува сумата. Па сметавме дека ако за 140 денари може веќе да купат некаде оброк, подобро е сега да го зголемиме опсегот за сите да можат за 140 денари да купуваат оброк, а потоа да расте и сумата, рече Николовски.

Предлог-закон за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк е на седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет закажана за вечер во 19.30 часот.

На седница на матичната Комисија за образование, наука и спорт, пак, закажана за вечер од 19.15 часот, се шест други предлог-закони од образованието, по скратена постапка: за учебници во основно и средно образование; за основното образование; за стручно образование и обука; за просветната инспекција, за средното образование и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот на Бирото за развој на образованието.

Tags: Законотсубвенциониран студентски оброкУКИМУСС
Next Post
вулканот

Во Исланд започна вулканска ерупција

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk