ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 4, 2025 09:37
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на САД Доналд Трамп не ја поштеди ни Македонија од неговата агресивна царинска политика објавувајќи ja листата на која царината што е наменета за Македонија е 33 отсто. Како сето ова ќе влијае врз македонската економија, кои дејности ќе бидат најпогодени.

Нова: По патувањата на премиерот во Америка и неговите изјави, 33% за Македонија се непријатно изненадување или…?

Јовановски: Изненадувањето со царините е непријатно без оглед на патувањето на Премиерот во САД. Во САД, во билатерални посети беа и францускиот претседател, британскиот премиер… но и нивните земји не куртулија од царините на претседателот Трамп. Поважно е да се дојде до одговор зошто толку висока стапка, мислам дека на тоа прашање треба да се ангажира и Владата, и бизнисмените, и да се расчисти разликата во податоците за дефицитот, (што доведе во волку висока стапка) меѓу македонската царина и американските институции.

Нова: Македонското стопанство е кревко и зависно, пред се од земјите од ЕУ, што вели вашето искуство во оваа област, ќе успее ли да се снајде македонската економија и кој први чекори би можеле да се очекуваат и од Владата и од коморите?

Јовановски: Тоа е голема дилема, Македонија е зависна од извозот во ЕУ, особено во Германија, така што посредно последиците за нашата економија може да бидат значајни. Или, ако се знае дека едно од три произведени Поршеа се извезуваат во САД, и ако компании во ТИРЗ-овите извезуваат компоненти за германските производители на автомобили, одговорот е познат. Она што не се знае уште е колкав ќе биде обемот на таквите последици. Потребно е да седнат Владата и бизнисот да продискутираат што е најцелисходно и да работат на наоѓање нови пазари.

Нова: Веројатно ќе поскапат и услугите, ќе поскапе ли и животот на граѓаните во Македонија?

Јовановски: Мислам дека ние нема на таков начин да ги почувствуваме последиците од царините на САД, тоа повеќе се однесува на американските потрошувачи. Веќе има процени дека нив царините ќе ги чинат годишно по 5-6 илјади долари поголеми издатоци. Кај нас последиците повеќе би биле кон намалување на извозот, губење работни места и помалку странски инвестиции.

Нова: Според вашите првични сознанија кои стопански дејности ќе бидат најпогодени – индустријата, земјоделството, градежиштвото или друга гранка?

Јовановски: Пред се компаниите од автомобилската индустрија, а тие сочинуваат половина од македонскиот извоз. Исто така, по се изгледа и услужниот сектор, особено компаниите кои што работат аутсорсинг за американскиот пазар, доколку се точни објаснувањата на македонски економисти кои велат дека и тој сегмент е опфатен со царините.

Нова: Може ли да се очекува со оглед на ниските царини за Тирана, Приштина и Подгорица добар дел од фирмите да се пререгистрираат на тие терени и што тоа би добило од тоа и што би изгубило македонското стопанство?

Јовановски: Ова е добра забелешка. Веројатно да, барем оние кои можат да го “маскираат” потеклото на производите. Бидејќи разликите во царините се големи, за нас се три пати поголеми од оние за Косово на пример.

Марија Тодоровска / Нова ТВ

Tags: САДцарини
Next Post

Уставниот суд на Јужна Кореја го потврди импичментот на Јун Сук-јеол и го отстрани од функцијата

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk