ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ХЕРА со Реакција до претседателката Сиљановска-Давкова

April 5, 2025 12:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Невладината ХЕРА со Реакција до Претседателката Сиљановска-Давкова.

Реакцијата ја пренесуваме во целост:

• Ви се обраќаме со длабока загриженост затоа што неодамна усвоените измени на Законот за основно образование и Законот за учебници во основно и средно образование во пракса значат исклучување на здравствената едукација, и системските притапи за заштита од насилство и дискриминација во училиштата. Со ова Владата и Парламентот не само што ја негира реалноста со која се соочуваат младите, туку свесно ги препушта на дезинформации, стигматизација, насилство и дискриминација.

• Уште повеќе загрижува податокот дека никој од стручната јавност, ниту младинските организации, не побараа ваков тип на законски измени во образованието. Токму затоа вам ве прашуваме, дали сте свесни дека како Престедателка на земја НАТО челнка дека Владата и Парламентот се во директна спрега со неформални и формални радикални групи, кои под превезот на „заштита на правата на децата” секојдневно промовираат антидемократски процеси и оркестрирано напаѓаат стручни лица, активисти од граѓанскиот сектор, новинари. Дополнително промовираат –дискриминација, омраза, насилство, шират теории на заговор против употреба на вакцините и други методи за здравствена превенција базираат на докази. Оваа насока е целосно спротивна на заложбите на државата за ЕУ интегративните процеси, а во исто време и закана за безбедноста на државата која би требало да биде во ваш секојдневен фокус.

• Како Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација најостро реагираме и Ве повикуваме, како Претседателка на државата и како личност која јавно се залага за владеење на правото и родова еднаквост, да:

1. Не ги потпишете Указите за измените и дополнувањата на Законот за основно образование и Законот за учебници;
2. Ја искористите Вашата институционална и морална позиција за да побарате ревизија и повлекување на овие измени;
3. Побарате отворање на јавна дебата со вклучување на млади, стручни лица, младински и граѓански организации;
4. Поддржите итна имплементација на подзаконски акти за заштита на децата од насилство и дискриминација во училиштата;
5. Се заложите за усвојување на политики базирани на наука, податоци и човекови права, а не на притисоци од неформални радикални структури.

Дозволете ни да ве потсетиме на дел од алармантните податоци кои треба да ги загрижат сите родители, наставници па и функционери:

▪ Насилството е нормализирано во Македонија, се почести се случаите на вознемирување, сексуално насилство, малтретирање и силување кај младите извршено од малолетници, како во училиштата, така и во јавните простори;
▪ Стапката на просечно стапување на прв сексуален однос кај младите во Македонија изнесува 15 години односно 16 години за девојчињата. За споредба со земјите каде здравствената едукација е интегрирана во училишните програми, младите го одложуваат влегувањето во прв сексуален однос, некаде дури и до 19 годишна возраст;
▪ Стапката на тинејџерска бременост во 2023 година изнесува 13.4 на 1000 девојки на возраст од 15-19 години;
▪ Младите на возраст од 15 до 18 години се најмногу изложени на насилство за разлика од другите возрасни групи во државата и младите кои ѝ припаѓаат на ЛГБТИ задницата се и до четирипати почесто малтретирани во училиште од хетеросексуалните врсници[1]. Дополнително, 15-годишници со хомосексуална и бисексуална ориентација страдаат два или повеќе пати почесто во споредба со своите хетеросексуални врсници, честопати со повеќе психосоматски симптоми (74 %), чувства на тага и безнадежност (47 %) или со сериозни самоубиствени мисли (30 %);
▪ Само во периодот од 2021-2023 се документирани 82 случаи на насилство во образованието врз ЛГБТИ млади, при што образованието е втора област по ред со најмногу документирани случаи на институционално насилство врз ЛГБТИ, после здравството.
Прочитајте повеќе – линк од ХЕРА веб до соопштението: https://hera.org.mk/povik-do-pretsedatelkata-na-republika-severna-makedonija-gordana-silanovska-davkova/

Next Post
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Македонските лидери се шајки во телото на распнатиот Македонец

Shortcut

Најново

СДСМ обвинува за погрешено знаме на прославата, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека е уметничка инсталација

August 10, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

August 10, 2026

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk