ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Бешлиовска: Имаме околу 9.200 медицински сестри, а треба да сме околу 15 илјади

April 5, 2025 17:46
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Неофицијалните податоци на Институтот за јавно здравје, зборуваат дека сме 9.200, меѓутоа потребите според нашите стандарди се некаде на 14-15.000 медицински сестри, изјави на денешната прес-конференција Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата што ја предводи Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“. Прес-конференецијата беше по повод Првата конференција на медицински сестри од Југоисточна Европа, што се одржува во Скопје.

– Многу е важен моментот со конкурсите што ги очекуваме сега во текот на месец април за да се решат статусите на сестрите коишто се со договор на дело во овој момент во болниците, коишто чекаат и секојдневно се јавуваат во унијата и во здружението и ја очекуваат и понатаму нашата поддршка, додаде Бешлиовска.

Тоа дека медицинските сестри се многу важни, како што беше истакнато, се покажало и со последната трагедија – пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март и зеде 60 жртви.

Тоа го нагласија и гостите кои се дојдени, изразувајќи сочувство, споделувајќи информации околу нашите пациенти и посакувајќи случајот да не се повтори.

Мирјана Прибичевиќ, главна медицинска сестра на Клинички центар – Србија, рече дека се донесени фотографии со поздрави од пациенти.

– Кај нас дојдоа и беа сместени 17 деца од 18 до 26 години, дел беа префрлени во Ниш. Останатите се добри, стабилни, не се на респиратор и се надеваме на најдобро. Тоа се деца на кои веќе им се прави трансплантација на кожа. Се надевам дека за две до три седмици, повеќето ќе бидат вратени. Засега, се фотографираа со порака за сите овде, „поздрав за Македонија“. Поздрав за сите од нив, но и од нас од Клиничкиот центар, рече таа во изјава за медиумите.

Адриано Фигановиќ, претседател на Европската организација на медицински сестри специјалисти, ја пофали организацијата на конференцијата и упати честитики за тоа како „За нас“ се грижи за професијата. Тој ја истакна важноста на медицинските сестри, особено во кризни ситуации.

Никола Петров, кој работи во болница во Австрија, универзитетска клиника, рече дека тројца од повредените од дискотеката во Кочани се лекувале во Виена, а вкупно седум во Австрија.

– Бев во контакт со родители, ги придружував додека одеа кај децата, беа добро и за кратко беа пуштени од интензивна нега, во нормално одделение, истакна Петров.

Ана Тодорова од универзитетската болница во Софија, рече дека кај нив биле однесени седум тешко повредени пациенти од Кочани, кои сега биле во добра состојба.

Гордана Драгошев од Клинички центар – Ниш и претседателка на Здружението на медицински сестри од интензивна нега во Србија, рече дека најпрвин кај нив биле однесени тројца повредени од Кочани. Сега на интензивна нега била една пациентка, за која се надева дека ќе биде добро. Двајца пациенти биле префрлени во други клиники, што значело дека им се стабилизирала состојбата.

Бешлиовска рече дека оваа конференција требало да се одржува на 22 март. – За жал, со оглед на случувањата што се случија, сите овие наши колеги коишто доаѓаат од регионот и од Европа, мораа да останат во болниците за да ги прифатат нашите повредени од несреќата од Кочани, појасни Бешлиовска.

Таа рече дека во текот на денов ќе бидат доделени признанија.

Бешлиовска повторно побара да се направи сестринска комора, закон за сестри и сестрите да бидат лиценцирани.

– Ова што денеска ние ќе го размениме како мислење, со сите наши колеги од Европа и Југоисточна Европа и регионот, не е ништо поразлично нивното од сето она што ние овде го работиме и го правиме, само што тие имаат преточени закони и имаат сестринска документација за истото. Ние сето тоа го работиме, само ни треба за истото запис и ни треба признавање на нашите компетенции и нашите образовни квалификации да ги следат нашите работни задачи во болниците. Тоа е и начинот како ќе ги задржиме сестрите да бидат овде, децидна беше Бешлиовска.

Прашана за просечната плата на сестрите, таа рече дека тоа зависи од неколку фактори. – Ајде да речеме дека една средна противденарска вредност на нивното бодирање можеби некаде околу 29 до 30.000 денари е стартната сега плата во денарска противвредност за една сестра со средна стручна спрема, рече таа, но, нагласи, и тоа зависи од повеќе фактори.

Според најавата, конференцијата ќе биде посветена на важни аспекти што ја дефинираат автономијата и напредокот на сестринството во современото здравство. Тема на конференцијата е „Патот за автономија на сестринството“, што ќе опфаќа клучни прашања како што се законодавството, образованието и кариерниот развој на медицинските сестри, лиценцирањето и одговорноста, професионалниот авторитет и миграцијата на медицински кадар.

Tags: Бешлиовскамедицински сестри
Next Post

Кога гласно се брани фотелјата, а тивко умира човечноста

Shortcut

Најново

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026
Парно греење (фото извор: Викимедиа)

Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk