Најмалку 98 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени откако се урна покрив во ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република Санто Доминго, соопштија официјални лица, објави Би-би-си.
Меѓу жртвите се и гувернерот на провинцијата и поранешен бејзбол-фрлач на големата лига, Октавио Дотел. Дотел (51) кој починал на пат кон болница откако бил извлечен од урнатините.
Инцидентот се случил во раните утрински часови во вторникот на концертот на популарниот пејач на меренге Руби Перез во ноќниот клуб Џет сет. Тој е меѓу загинатите во инцидентот, изјави неговиот менаџер.
Стотици луѓе беа внатре во местото, а околу 400 спасувачи сè уште трагаат по преживеани. Се стравува дека бројот на загинати дополнително ќе се зголеми.
Директорот на Центарот за итни операции (ЦОЕ), Хуан Мануел Мендез, рече дека се надева оти многу од затрупаните под урнатиот покрив се сè уште живи.
Д. Мишев / Цивил Медиа