ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Политико: На вработените во Стејт департментот им е наредено да пријавуваат колеги со антихристијански ставови

April 11, 2025 22:18
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Администрацијата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп им нареди на вработените во Стејт департментот да пријавуваат случаи во кои нивните колеги покажуваат „антихристијански предрасуди“.

Ова е дел од спроведувањето на нова извршна уредба со која се цели поддршка на вработените од христијанска вероисповед во федералната администрација.

Според интерен документ во кој имал увид „Политико“, Стејт департментот ќе соработува со меѓуресорска работна група за собирање информации за „верски предрасуди од времето на претходната претседателска администрација“. Меѓу другото, ќе се собираат примери на антихристијански ставови преку анонимни формулари за пријава што вработените можат да ги пополнат.

Оваа директива, испратена до сите американски амбасади низ светот под името на државниот секретар Марко Рубио, беше дистрибуирана и како официјално известување во рамките на Стејт департментот. Во документот се наведува дека работната група, формирана врз основа на извршната уредба, ќе го одржи првиот состанок околу 22 април за да ги разгледа првичните наоди.

Директивата ги охрабрува вработените да пријавуваат едни колеги преку формулари, кои можат да бидат анонимни. „Пријавите треба да бидат што е можно подетални, вклучувајќи имиња, датуми и локации (на пример, амбасада или канцеларија во САД каде што се случил инцидентот)“, се вели во упатството.

Некои вработени во Стејт департментот реагирале со изненадување и загриженост, предупредувајќи дека, иако намерата можеби е добра, директивата поаѓа од погрешна претпоставка дека во Стејт департментот воопшто постои антихристијанска пристрасност. Тие стравуваат дека ова може да создаде атмосфера на страв и недоверба меѓу вработените.

„Иако извршната уредба го става акцентот на антихристијанските предрасуди, секое таргетирање на поединци поради нивната верска припадност е дискриминаторско и спротивно на Уставот и разни федерални закони“, се наведува во известувањето.

Извршната уредба на Трамп, издадена во февруари, ги обврзува сите федерални агенции да ги отстранат „антихристијанските предрасуди“ од државната администрација.

Tags: Стејт департментТрамп
Next Post
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Македонија Норд: Белите глувци на светските процеси!

Најново

Концерт на Дуња Иванова – пијано, на 29 април пред Општина Центар

April 28, 2026
Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис – 28 април: Продлабочување на ефикасноста и зацврстување на здравите навики

April 27, 2026

Вајц вели земјава не постигнала никаков напредок во реформите во последната година, според Мицкоски нема таков извештај од ЕУ

April 27, 2026
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

NBC News со анализа за теориите на заговор по нападот во Вашингтон

April 27, 2026

ССМ со петта Синдикална академија: Зајакнување на работничката борба во пресрет на големиот јубилеј

April 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk