ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Досега во земјава се регистрирани 241 лице заболени од Ковид-19, четворица се починати и 3 излечени

Досега во земјава се регистрирани 241 случај на заразени лица со коронавирус. Четири лица се починати, а тројца се излечени. Од Влада пораачаа дека државните карантини се безбедни и строго контролирани. Владини претставници извршија увид на работите за подигнување на монтажната болница со капацитет до 130 болнички кревети до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби

March 29, 2020 08:10
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Досега во земјава се регистрирани 241 случај на заразени лица со коронавирус. Четири лица се починати, а тројца се излечени. Од Влада пораачаа дека државните карантини се безбедни и строго контролирани. Владини претставници извршија увид на работите за подигнување на монтажната болница со капацитет до 130 болнички кревети до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во: Скопје- 143, Дебар – 45 од кои двајца починати, Куманово – 20 од кои еден починат, Штип – 8, Прилеп – 8,Тетово- 4, Охрид- 3, Велес – 3, Струга – 3 од кои еден починат, Кавадарци – 2, Гостивар – 1 и Битола – 1.

Вчера почина една пациентка на 66 годишна возраст од околината на Струга. Пациентката имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок.

Од Владата нагласија дека државните карантини се безбедни и строго контролирани. Објектите ги обезбедува полицијата и војската.

– Граѓаните сместени во овие објекти не се закана за никого, порачаа од Владата .

Владата апелираше до граѓаните да бидат уверени дека сите мерки што се преземени за прифаќање на нашите државјани кои се дојдени од странски земји се во согласност со највисоките здравствени стандарди.

–  Станува збор за обезбеден капацитет од 2.104 легла во моментов во целата држава, во 19 сместувачки објекти, а од нив пополнети до сега се 1082 легла. Ниту еден граѓанин сместен во државен карантин во периодот од 14 дена не смее да ја напушти сопствената соба, ниту објектот, а секој кат од секој сместувачки објект е строго контролиран и обезбеден од војската и полицијата. За секој од нив е направена епидемиолошка анкета и определен е соодветен режим во карантинскиот објект кој е целосно безбеден и строго контролиран и надгледуван. Нема ниту најмал простор за загриженост, а најмалку за паника, обезбедени се највисоки здравствени стандарди и протоколи, нагласува Владата.

Сите мерки што се преземени за утврдување на локацијата и објектите за карантин, велат од Владата, се направени исклучиво согласно препораките на Светската здравствена организација и врз сериозни и стручни анализи и проценки.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, вчера извршија увид во градежните активности за подигнување на монтажната болница со капацитет до 130 болнички кревети до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, информираа од Град Скопје.

Оттаму наведоа дека просторот, со одлична меѓуинституционална соработка бил расчистен во рекорден рок од страна на екипите на Град Скопје, Армијата и нејзината механизација, екипите на ЈП „Улици и патишта“ и инженерите од Проектната единица при Министерството за здравство.

– Со ослободување на просторот од околу 4.000 кавдратни метри создадена е можност за интервентен развој и дополнување на капацитетот на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. Ослободената локација до инфективна клиника во моментов има огромна предност заради близината на сите капацитети на клиничкиот центар „Мајка Тереза“, клучните Институти и самата Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, велат од Град Скопје.

Со оглед на состојбата со коронавирусот, Град Скопје го помага Министерството за здравство, со реализација на низа градежни и инфраструктруни активности во кругот на Клинички центар Мајка Тереза.

– Покрај активностите за расчистување и уредување на просторот до инфективна клиника, се прошири влезот во клиничкиот центар и се отвори траса за интервенти возила до ургентниот центар, како и посебен влез кон инфективната клиника, информираа од локалната самоуправа на главниот град. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Во Шпанија во прекин телефонската комуникација поради дефект

May 20, 2025

Сиљановска Давкова: Не би смеело да се проблематизираат одлуките на Дуковска, меѓутоа не може да остане во Уставниот суд личност избрана на незаконски начин

May 20, 2025

Минималните трошоци во мај зголемени за 1.217 денари, од ССМ бараат раст на платите

May 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Матурант пронајден починат кај Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk