ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дали Таравари им ја прочита играта на Меџити, Касами и Ибрахими?

April 17, 2025 13:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Откако коалицијата ВЛЕН излезе со став за одлуката на Алијансата за Албанците на Арбен Таравари да настапи со посебни листи за советници на претстојните локални избори, тоа предизвика многу реакции во политичката сцена во државата.

Од коалицијата велат дека Таравар не е избркан, туку дека со оваа одлука самиот се исклучил. Според коалицијата ВЛЕН, потегот на Таравар претставува проблем за владата, но не прецизираат дали ќе бараат негово разрешување.

Неофицијално се дознава дека вицепремиерот Изет Меџити побарал од премиерот Христијан Мицкоски да ја отстрани Алијанса за Албанците од Владата, но премиерот одбил ниту да разговара за тоа.

Лидерот на Демократското движење, Изет Меџити, дел од коалицијата ВЛЕН, по средбата на која присуствуваа и лидерите на Беса, Билал Касами и на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, рече дека Таравари ќе мора да им ги објасни своите постапки на Албанците, но и на гласачите на ВЛЕН.

Од друга страна, претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, ја објасни хронологијата како дошло до натпреварување на локалните избори со посебни листи.

Таравари во интервју за весникот „Лајм“ вели дека идејата на сите по формирањето на Владата била да се натпреваруваат одделно како четири партии.

– Идејата да излеземе со посебни листи за советници не е отсега. На 23 јуни 2024 година беше формирана сегашната Влада и по две-три недели, ние како претседатели на партиите на коалицијата ВЛЕН имавме состанок и разговаравме дали сега да се споиме или која е идејата. На сите четири партии ќе им беше подобро, дури и да беше идејата на сите. На средбата им кажав дека ако продолжиме како четири партии, треба да излеземе со посебни листи на локалните избори, се до пред две-три недели кога пратениците инсистираа да се направи компромис, во ред, направете компромис, но не беше успешен, објаснува Таравари.

Тој вели дека после тој период консултирал многу експерти кои се занимаваат со овие работи и сите имале мислење и став дека е добро секој да има свои листи за советници.

Според него, кога повторно ја открил идејата да се натпреварува со посебни листи, другите тројца коалициски лидери му рекле да излезе со посебни кандидати.

– Но, другите три партии плус Самоопределување, мислат дека треба да бидат заедно. Повторно им кажав во средината на февруари оваа година дека инсистирам на посебни листи. Ова беше нашиот став како Алијанса во јули 2024 година и сега. Ми рекоа дека ако излезам со посебни листи, треба да излезам и со посебни кандидати за градоначалници. Бев изненаден и им кажав дека никогаш не сум бил за да излеземе одделни со кандидати за градоначалници, но ако треба да настапам и со одвоени кандидати е како да ме избркате од коалицијата, додаде Таравари.

„Имав чувство, како и сите наши членови кои работеле во заеднички групи на ВЛЕН, дека трите партии се координирани, а Алијанса не е“, потенцира Таравари понатаму во своето објаснување.

Инаку, во вторникот Централното претседателство на Алијансата за Албанците одлучи да настапува со свои листи за советници на претстојните локалните избори, додека за градоначалници, како што рече Таравари, одлуката ќе биде донесена подоцна.

Ваквата одлука Алијанса за Албанците ја донесе затоа што коалицијата ВЛЕН не ја прифатила нивната идеја да се испитаат мислењата на граѓаните и гласачите пред да се донесат одлуки за кандидатите за градоначалник и советници.

Дестан Јонузи

Tags: Арбен ТаравариБилал КасамиВЛЕНИзет МеџитиЛокални избори 2025
Next Post

Во основните судови низ земјава не се пополенти 163 судиски места, а ниту еден судија не се пријавил за претседател на основните судови во Берово, Делчево и Радовиш

НАЈНОВО

ВЛЕН: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ

October 29, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Германија и Шпанија ќе играат во финалето на Лигата на нации за жени

October 29, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Алкараз, загуби од Нори на Мастерсот во Париз

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk