ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Меџити: Таравари се самоисклучи од ВЛЕН со самостојниот настап со советнички листи на АА

April 16, 2025 20:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Коалицијата Вреди смета дека одлуката за настап со одделни советнички листи за советници на Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари е донесена во интерес на ДУИ чија суштина јавноста многу бргу ќе ја разбере, изјави денеска претседателот на Демократското движење и вицепремиер во Владата Изет Меџити, по состанокот на лидерите и високи функционери на оваа коалиција.

Вреди не го исклучила од коалицијата Таравари, туку тој, според Меџити, се самоисклучил. Вели дека оваа постапка на Таравари значи и проблем во Владата, но засега нема одговор дали ќе бараат негово разрешување од министерската функција во здравство.

Состанокот на Коалицијата Вреди се одржа откако Таравари објави дека тој и неговите сопартијци одлучиле на локалните избори во октомври да настапат со самостојни советнички листи.

Меџити на прес-конференција по состанокот на кој беа и лидерите на Беса Биљал Касами и на Алтернатива Зеќирија Ибраими, кажа дека Таравари ќе мора да даде објаснување пред Албанците, но и пред гласачите на Влен за својата постапка. Според него, настапот на локалните избори на Вреди веќе бил договорен, а одлуката на Таравари да оди со свои листи на изборите не се базира ниту на ставовите на партиската база ниту на мислењето на гласачите на Алијансата на Албанците ниту пак на независните анкети, туку е во интерес на ДУИ.

Меџити кажа дека коалицијата Вреди денеска одлучила да настапи заеднички на локалните избори и со советнички листи и со кандидати за градоначалници, а во наредните денови ќе се формираат и заеднички изборни штабови за заеднички настап на претстојните избори.

Во наредните денови, како што кажа Меџити, од коалицијата ќе информираат и за политичката реорганизација на структурата и за стратегијата на Вреди на претстојните избори.

-Притоа им упатувам повик на сите членови, симпатизери, гласачи и функционери на АА да се дистанцираат од политиката на поделби на господинот Таравари, спонзорирана од ДУИ и други експоненти на олигархијата и да останат во коалицијата Влен (Вреди) бидејќи есента носи нова победа и нова политичка сцена, рече Меџити.

Претседателот на Демократското движење изнесе тврдења дека Таравари веќе неколку месеци преговарал со лидерот на ДУИ Али Ахмети со, како што кажа, вмешаност на одредени личности од олигархијата. Според Меџити, целта била разединување на коалицијата За промени, и враќање од клиничка смрт на Демократската унија за интеграција.

– Колкава била цената на оваа операција и дали вредело сето тоа ќе се дознае многу брзо, рече Меџити.

Во однос на тоа дали АА и Таравари ќе останат дел од Вреди, Меџити вели дека Таравари со чекорите шти ги презема практично сам се самоисклучува.

– Имате изјава од Таравари дека има понуда од Влен 35-40 отсто во полза на АА. Значи и тоа не му беше доволно. И покрај тоа што се апсолвираа сите политички аргументи и беше фаворизирана уште еднаш АА, него не му беше важна понудата, не му беа важни преговорите со Влен бидејќи има склучен договор со ДУИ и на некој начин тој е самоисклучен. Оваа коалиција е составена од пет политички чинители и за сите одлуки ние сме преговарале, но на крај имало и различни размилувања но на крај сме имале заеднички став. Никогаш немало надгласување, а во никој случај немало една политичка партија да донесе сопствена одлука. Посебно ова е неаргументирано и не држи што оди со посебни листи. Ние сме кај големите тој сака да биде во функција на ДУИ, рече Меџити.

Според него, ова е реален проблем и за Владата за што ќе се дискутира за неколку дена.

-Мислам дека поважно е тоа што ние 107 илјади гласови ги добивме за борба против корупцијата, промена и ротација во албанскиот блок, тука со соработката со ДУИ се изневерени тие 107 гласачи. Тоа во суштина се однесува дека проблемот се однесува и до Владата бидејќи господинот Таравари сега веќе не знае кои ставови…дали против корупција или да ги брани тие корумпираните, дали е за промени или е за враќање на старото… Значи тоа е реален проблем за Владата, но ќе го дискутираме и дебатираме за неколку дена, рече Меџити.

Вреди бара извинување од Таравари кон 107 илјади гласачи за ова што се случи. – Ние сите овде остануваме тука до крај доследни до тие ветувања борба против корупција, промени во албанскиот кампус, промена во системот што го правиме со секојдневното владеење, рече Меџити.

Tags: ВЛЕНМеџитиТаравари
Next Post

Интер и Арсенал се пласираа во полуфиналето од ЛШ

Shortcut

Најново

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk