ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Тошковски да не ги штити неговите началници – за трагедијата во Кочани мора да има одговорност

April 22, 2025 12:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Изминуваат 37 дена од трагедијата во Кочани, а наместо вистинска правда и одговорност сведоци сме на селективна истрага и молк за одговорноста на актуелните функционери од ДПМНЕ и началниците кои ги има поставено Тошковски, соопштуваат од СДСМ.

Оттаму прашуваат – Како е можно истрагата целосно да ги игнорира службениците, началниците, раководителите на различни позиции во СВР Штип и ОВР Кочани кои на 16 март 2025 година – на денот на пожарот – имале директна одговорност да спречат трагедија, но тоа не го направиле?

„Седум командири, началници и заменик-командири на полицијата  имале јасни законски надлежности, за безбедноста на просторот, за присуството на малолетници,  за употреба на пиротехничките средства. Полицијата присуствувала во објектот, видела малолетници, видела пиротехника, видела поголем број присутни а не презела ништо. Ако тие постапеле, трагедијата ќе можела да биде спречена. Животи ќе беа спасени.

-Зошто началничката на ОВР Кочани, Марија Цветковска Маневска, не е дел од истрагата, иако лично била надлежна за безбедноста во Кочани?

-Зошто не е опфатен началникот на крим-полицијата во Кочани, Томо Донев?

-Зошто Сашо Тасев, началникот на СВР Штип, како и раководителите на крим полицијата во Штип не се опфатени со истргата?

Дали ова не е намерна заштита на кадрите што ги именувал Тошковски?“, истакнуваат од СДСМ.

Од СДСМ велат дека „истрагата не смее да биде политичка операција на прикривање и спасување кадри на ДПМНЕ и затоа Тошковски треба да поднесе оставка а истрагата да се прошири со актуелни функционери кои на денот на трагедијата биле на позиции“.

„Болката на семејствата не смее да се дозволи да биде поголема со селективна правда, тоа е неправда. СДСМ ќе продолжи да се бори за целосна и правична истрага – без заштита на актуелни функционери. Мора да им одговорност, мора да има правда за Кочани“, се нагласува во соопштението од СДСМ.

Tags: СДСМТошковскитрагедија во Кочани
Next Post
Фото: ТАВ, Аеродром Скопје

ТАВ Македонија доби сертификат Great Place To Work®

Shortcut

Најново

Утре во Скопје се отвора 25-то јубилејно издание на ОФФест

June 2, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Преку министерствата и општините инвестираме половина милијарда евра во капитални проекти

June 2, 2026
Охрид. Фото: Фронтлајн

Контроли на плажите: Владата ги прецизираше термините за забрана на скутери и чамци на трите езера

June 2, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

June 2, 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk