Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го оцени рекордот на тимот за најдолга серија без пораз на гостински терен во историјата на најдобрите 5 европски лиги.
Парижаните вчеравечер ремизираа со Нант (1:1) во одложеното 29. коло од францускиот шампионат.
ПСЖ има 39 натпревари по ред без пораз на гости (30 победи, 9 нерешени), надминувајќи го рекордот на Милан поставен во 1993 година.
– Да се собори рекордот на Милан е посебно чувство, тоа е неверојатно. Оваа серија започна со Кристоф Галтие, па респект и за неговата работа. Сè е одлично, освен денешниот резултат, сакавме да победиме, изјави Гвардиола за „L’Equipe“.
ПСЖ оваа сезона предвреме стана шампион на Франција. На четири кола до крајот на турнирот, тимот е на првото место во Лига 1 со 78 бодови.