– Владата на Албанија на денешната седница, денот на погребот на папата Франциск, 26 април го прогласи за Ден на национална жалост.
– Во знак на почит кон папата Франциск, сабота, 26 април, е прогласен за Ден на жалост во Албанија. Државните знамиња ќе бидат на половина копје во сите државни и јавни институции. Сите радио и телевизиски станици, јавни и приватни, се повикуваат да емитуваат програма во согласност со одредбите за вакви денови, се наведува во владината одлука.
По смртта на папата, албанскиот државен врв изрази длабоко сочувство нарекувајќи го „голем и незаборавен пријател на Албанија“.
Папата Франциск во Албанија престојуваше во еднодневна посета на 11 септември 2014 година кога одржа свечена миса на плоштадот „Мајка Тереза“ во Тирана, на која присуствуваа над 500.000 луѓе.
Покрај средбите со високи државни личности, на папата му беше врачено и признанието за почесен граѓанин на Тирана, при што, тогашниот градоначалник Љуљзим Баша, ќе му го предаде клучот на градот.