ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Солопатување: Добри и лоши страни

April 29, 2025 09:27
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Солопатувањето е сè попопуларно во светот, па затоа поранешниот фоторепортер Ли Томпсон, кој посетил повеќе од 100 земји низ целиот свет, објаснува дека ваквиот начин на патување и одмор може да биде и еден од „подруштвените“ видови патувања.

Безбедноста е, можеби, најголема грижа за многу од луѓето кои се решаваат да патуваат сами со себе, но дури и најхрабрите авантуристи може да се соочат и со друг проблем – осаменоста. Ли го споделува своето искуство, откако го обиколил речиси целиот свет, па сепак, вели дека, токму во туѓите земји и култури, стекнал пријатели за цел живот.

За оние луѓе кои ќе се одлучуваат за солопатување, неговиот прв совет гласи: Вклучете се во локалниот живот на местото што го посетувате.

– Важно е да бидете отворени и љубопитни за новите можности што се јавуваат и кажете: „Да“ на поканите, дури и ако се чувствувате срамежливо. Вклучувањето може да биде одличен начин да запознаете нови луѓе додека патувате сам или сама, особено во големите градови. Јас лесно се спријателив со уличен музичар во паркот, на пр., или со лице кое се согласи да игра случајна игра „Пиклбол“ со мене, раскажува Ли.

Тој особено препорачува активно учество на настаните во локалната заедница каде што соло патникот ќе се најде.

– Така, тоа ќе Ви помогне да запознавате луѓе во опуштена атмосфера. Малку пребарување на интернет ќе Ви отвори цел свет на настани, каде и да патувате. Сè што треба да направите е да ги пронајдете луѓето што одговараат на Вашите интереси и вредности, тврди тој.

Можеби една од најголемите грешки што се прават на солопатувањата, според Томпсон, е минувањето многу време пред телефон, на пр., во авион или воз, наместо разговор со другите патници.

– Некои од моите најдобри патнички пријателства се случија за време на бескрајните патувања до случајни места, гледајќи низ прозорецот или пиејќи со странци… Сега имам повеќе можности за поврзување од кога било при групни патувања… Да се ​​биде на ново место со луѓе на слична возраст и интереси – значи дека темелите за пријателство се веќе поставени. Со неколку заеднички активности, поврзувањето е доста убаво, објасни тој.

Следен совет: Го правите првиот чекор за разговор со туѓинец, т.е. преземате иницијатива, но ако некој не Ви возврати – не го сфаќајте тоа лично.

– Јас еднаш минав цел ден во Њујорк прашувајќи ги туѓинците, дали сакаат да ми бидат пријатели – како еден социјален експеримент. Знам какво е чувството на отфрлање, но научив дека искреноста дава резултати. Кога ќе се отворите кон другите како солопатник, наградите ќе дојдат. Порано или подоцна ќе сретнете луѓе со кои ќе може да разговарате цела ноќ и ќе се чувствувате како да ги познавате отсекогаш, рече тој.

Tags: солопатување
Next Post
Фото: ВИ

Либералот Марк Карни победи на канадските избори: Трамп никогаш нема да нè скрши

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk