По откажувањето на подготвителната седница на Уставниот суд за Законот за употреба на јазиците, поради трагедијата во Кочани, Уставниот суд сè уште не одредил нов датум за разгледување на иницијативата за уставноста на предметниот закон. Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, неколку пати јавно обвини за политичко влијание врз судот, за кое вети дека нема да го толерира.
Од Уставен суд за Фронтлајн велат дека ќе соопштат следната недела кога ќе се одржи подготвителната седница за законот за јазиците.
– Ќе соопштиме или до крај на ова или следната недела, изјавија од Уставен.
Во меѓувреме, претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, без да сака да влијае на Уставниот суд, даде општ став, велејќи дека и во овој случај е потребна прецизност, како и почитување на Уставот и другите правни акти. Таа бараше политиката да не влијае на одлуките кои не ја засегаат.
На подготвителната седница што требаше да се одржи на 20 март свое учество најавија судии од Венецијанската комисија, локални судии, професори и експерти, кои требаше да дадат мислење за 6-те спорни точки од Законот за употреба на јазиците.
Иако сè уште не се знае кои се имињата кои уште еднаш го потврдија учеството на подготвителната седница, јасно е дека овие правни мислења ќе бидат сублимирани во извештајот за предметот.
Амбасадорката на САД Агелер посочи дека транспарентноста е многу важна, а судиите ги потсети и на заклетвата.
– Ве молам, искористете го овој момент, ве молам запаметете за кого работите и зошто сте поставени тука и ве молам, за тие кои сте судии, запаметете и потсетете се на заклетвата што ја дадовте, а за сите судии и обвинители насекаде во судството посакувам да ја гледате оваа постапка. Законите во оваа држава колку и да се комплицирани мора и може да работат во полза на граѓаните. Како партнери и пријатели САД ја поддржуваат работата на судството со цел да се обезбеди правдата да остане пристапна, непристрасна и вкоренета во уставните вредности – Анџела Агелер, амбасадорка на САД.
ЕУ амбасодорт Рокас пак посочи дека ЕУ ја поддржува земјава да изгради силни, независни и кредибилни институции.
– Зајакнувањето на Уставот не е само формално барање за членство во ЕУ, тоа е стратешка инвестиција во фер пристапот, во владеењето на правото, нешто што им е потребно на граѓаните. Тоа е реформа во која Уставниот суд исто така треба да одигра многу важна улога- Михалис Рокас, ЕУ амбасадор.
До уставниот суд поднесени се 13 иницијативи за оцена на уставноста на целиот Закон за употреба на јазиците, како и за делови од законот. Иницијативите доаѓа од политички партии (ЛЕВИЦА и една од ВМРО ДПМНЕ додека беше во опозиција), граѓанскиот сектор и универзитетски професори се повикуваат на препораките на Венецијанската комисија за спроведување на Законот за употреба на јазиците.
Според подносителите на иницијативите Законот е неуставен бидејќи, според нив, предвидува албанскиот јазик да биде втор службен јазик во сите институции на централната власт. Во член 2 од законот се нагласува дека државните и локалните органи се должни во сите постапки да комуницираат покрај на македонски, и на албански јазик.
– Во институциите на државната власт во Република Северна Македонија, од членот 1 став (3) на овој закон, службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото писмо, е и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓани на Република Северна Македонија и неговото писмо во: комуникација, употреба и спроведување во сите постапки на граѓаните пред сите органи кои ја сочинуваат државната власт…, се наведува во член 2 став 3 од Законот за употребата на јазиците.
„Во судски, управни, извршни постапки, постапки за извршување санкции, предистражни и истражни постапки, кривични и прекршочни постапки, спорни и вонпарнични постапки, како и други постапки пред судови, јавни обвинителства, како и сите се применуваат органи, тела и институции, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и јазикот и неговото писмо што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните“ – се наведува во член 9 од Законот.
Спорен и неприменет е членот 8, во кој, меѓу другото, се предвидува и употреба на албанскиот јазик на банкноти и униформите на полицијата и армијата.
„Банкнотите и монетите, како и поштенските марки, ќе содржат симболи кои го претставуваат културното наследство на граѓаните кои го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилично писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните и неговото писмо. Униформи на полиција, пожарникари, здравство; во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се пишуваат на македонски јазик и неговото кирилчно писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните. во Република Северна Македонија и нејзиното писмо, се наведува во член 8 став 1 и 3.
Во тензична и бурна атмосфера Собранието во 2018 година го донесе Законот за јазици. Законот предизвика многу реакции во и надвор од парламентот. Со законот се предвидува во сите органи на државната власт, како централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии и правни лица што вршат јавни овластувања, службен јазик освен македонскиот јазик и неговото писмо, да биде и јазикот и неговото писмо што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните.
Дестан Јонузи