ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Два извештаи откриваат клима на антисемитизам и антимуслимански ставови на Харвард

April 30, 2025 13:29
in ДЕНЕС, СВЕТ

Два одвоени извештаи објавени на 28 април укажуваат дека на Универзитетот Харвард постои клима на антисемитизам и антимуслимански ставови. Извештаите повикуваат раководството на универзитетот итно да преземе мерки за справување со оваа појава.

Извештаите, кои заедно се поставени на неколку стотици страници, се засновани на анкети и стотици сведоштва на студенти и универзитетски кадри собрани од јануари 2024 година досега. Објавата доаѓа во време кога Харвард е критикуван од претседателот на САД, Доналд Трамп, кој го нарече универзитетот „антисемитска и крајно левичарска институција“ и „закана за демократијата“.

Слично како и Колумбискиот универзитет, Харвард е обвинет дека дозволил раст на антисемитизмот за време на студентските протести против израелската војна во Појасот Газа, по нападот на Хамас врз израелска територија на 7 октомври 2023 година.

Првата работна група, составена главно од професори и дел студенти, констатирала дека антисемитизмот и антиизраелските ставови биле „неговувани, практикувани и толерирани“ не само на Харвард, туку и пошироко во академската заедница. Во извештајот се повикува универзитетот да стане лидер во борбата против овие појави.

Вториот извештај, фокусиран на антимуслимански, антиарапски и антипалестински ставови, заклучува дека на кампусот владее „длабоко вкоренет страв“ кај студентите, професорите и другите вработени. Анкетираните лица пријавиле чувство на несигурност, изолираност и нетолеранција.

– Харвард не може и нема да толерира нетолеранција. Ќе продолжиме да ги штитиме сите членови на нашата заедница од вознемирување, изјави ректорот Алан Гарбер, иницијатор на извештаите. Тој најави дека ќе се следи спроведувањето на препораките.

Харвард, најстариот универзитет во САД и еден од водечките во светот, беше првиот што ја тужеше администрацијата на Трамп откако таа замрзна над две милијарди долари федерални субвенции поради одбивање на универзитетот да се потчини на неколку претседателски барања.

Администрацијата на Трамп често го користи обвинувањето за антисемитизам како основа за мерки против високообразовни институции и поединечни странски студенти поврзани со протестите за Газа.

Tags: антимуслиманскиантисемитизамХарвард
Next Post

Најмалку 39 Палестинци загинале во последните 24 часа во израелски напади во Газа

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk