ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Трендафилов за протестот на Први мај: Утре ќе бараме зголемување на платите за да можеме да си ги дозволиме ваквите цени

April 30, 2025 13:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ)  Слободан Трендафилов најави дека утре на Денот на трудот – 1-ви Мај  синдикатот ќе протестира за зголемување на платите и работничките права. Протестот започнува во 11 часот од пред Работничкиот дом и ќе продолжи до Собранието и пред Владата.

– Сојузот на синдикатите на Македонија, на 1 мај излегува на протест да демонстрира, да бара зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра, да бара зголемување на сите останати плати за 100 евра, да бара почитување на колективните договори, зголемување на платите на вработените согласно придобивките од истите, рече Трендафилов на прес-конференција.

Тој најави дека на протестот ќе се приклучат и други синдикати кои, потенцираше, застануваат на страната на работнички права. Трендафилов нагласи дека барањата не се денешни, вчерашни, ниту пак ќе завршат утре.

– Протестот е начин на Први мај да изразиме незадоволство од висината на платите кои ги примаат работниците во Македонија, а како што многупати сме кажале досега се најниски во регионот, а не зборуваме и за пошироко. Сојузот на синдикатите на Македонија ги повикува сите кои му мислат добро на работникот во текот на утрешниот ден, 1 мај во 11 часот да ни се приклучат на работничкиот протест  на рутата на движење-Собрание-Стопанска комора-Влада, повика Трендафилов.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој кажа дека на протестот ќе нема сендвичи и посочи дека „сите работници се добредојдени на протестот за зголемување на платите за да можат да си дозволат повеќе од сендвичи за нивните семејства“.

– Како што кажа и претседателот на Владата, а за жал го поддржуваат и синдикалци кои не заслужуваат да се наречат синдикати. Од Сојузот на синдикати на Македонија се бара Општиот колективни договор за јавниот сектор да биде ставена „ад акта“ работниците во јавниот сектор 130 000 на број да не добијат 12,6 проценти или да немаат можност да тужат за да добијат 12,6 проценти, за потоа да се склучат колективни договори за пониски износи за усогласување и зголемување на нивните плати како што тоа беше случајот во образование со седум проценти оваа година и во здравство пет проценти кои за жал вработените во здравство сè уште ги немаат добиено, рече Трендафилов.

Претседателот на ССМ, одговарајќи на прашања дополни дека она што го имаат предвидено согласно ОКД гарантира зголемување на платите на работниците без никаков влијание на ниту еден функционер.

– Но, за жал денеска само синдикалци можат да направат штета на работниците како што сум кажувал многу пати во минатото и кога синдикалци поддржуваат владини политики тоа секогаш е на штета на работниците. Тоа што го кажал и претседателот на УПОЗ минатите неколку денови е тоа што има уцена за укинување на еден колективен договор за 130 илјади работници во јавниот сектор во Македонија на сметка на неколку илјади работници во јавниот сектор. Тоа што забораваат да ви го кажат или забораваат да го кажат колегите од другите синдикати кои за жал, слават први мај на 30 април е тоа што тие прифаќаат далеку пониски износи од тоа што е предвидено денеска и со закон и со колективен договор. ССМ нема да дозволи ниту еден работник од ССМ да пати за зголемување на платите, кажа Трендафилов.

На прес конференцијата посочи дека Владата вети дека од мај ќе бидат зголемени платите на работниците кои во почетокот на јануари протестираа пет денови пред министерствата и завршија пред Министерството за финансии, некои барале додаток на нивната плата од 30 отсот како што имаат дел од работниците во јавниот сектор, во дел од институциите-додаток на плата. Тоа што досега не е сторено, посочи Трендафилов, е што овие работници немаат добиено никакво зголемување на нивниот додаток на плата за 30 проценти ниту пак некој друг износ.

– За жал политичките памфлети преминуваат и кај синдикатите кои се обидуваат да продадат приказна дека работниците треба да бидат задоволни со далеку помалку од предвиденото, рече Трендафилов.

Одоговарајќи на прашања, Трендафилов истакна дека нема социјален дијалог, затоа што нема Економско-социјален совет, репрезентативен синдикат на страна на работниците, нагласувајќи дека не мора да биде ССМ, туку кој било друг синдикат.

– Се  додека имаат изговори дека немаат социјален партнер репрезентативен од спротивната страна да ги истакнува барањата на работниците ако не нè слушаат на маса ќе нè слушаат на улица, рече Трендафилов.

Tags: владини меркиССМТрендафилов
Next Post

Град окован во лаги и срам: Туристички водич низ отворениот музеј на кичот

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk