ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Тодоров: Пристапувањето во НАТО триумф на Владата, но и на целото македонско општетство

Историски ден за НАТО, и за сите граѓани на Северна Македонија.Тука сме стоиме цврсто и стабилно пред централното седиште на НАТО, конечно заедно сите сојуззници. Нашето знаме се виори заедно со другите 29 знамиња на НАТО сојузницте, изјави денеска в.д. шефот на Постојаната мисија на Република Северна Македонија при НАТО, Зоран Тодоров на свечената церемонија во седиштето на НАТО во Брисел, на која претходно се обрати и генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг

March 30, 2020 14:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Историски ден за НАТО, и за сите граѓани на Северна Македонија.Тука сме стоиме цврсто и стабилно пред централното седиште на НАТО, конечно заедно сите сојуззници. Нашето знаме се виори заедно со другите 29 знамиња на НАТО сојузницте, изјави денеска в.д. шефот на Постојаната мисија на Република Северна Македонија при НАТО, Зоран Тодоров на свечената церемонија во седиштето на НАТО во Брисел, на која претходно се обрати и генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

– Со членството во НАТО нашата иднина ќе биде стабилна, безбедна и просперитена. И ние ќе носиме одлуки за најважните прашања во рамките на насилната, најдобро организираната и најефикасната алијанса во историјата на шовештовото.Од сега натаму не сме сами, рече Тодоров.

Ние сме свесни, додаде тој, дека НАТО не е само за нашата стабилност и безбедност и сигурност. Како мала земја во срцето на Балканот која ја доби својата независнот пред речиси 30 години на мирен начин, прашањето на нашата безбедност, посочи Тодоров, секако е прво и најважно, меѓутоа нашето пристапување кон НАТО потврдува едно поважно постигнување, а тоа е гаранција за заштита на демократските вредности на модерниот западен свет на парламанетарна демократија кои ги споделуваат една милијарда луѓе на овој дел од светот, а ги споедлуваме и ние – човековите права, владеењето на правото, доброто владеење и социјална заштита за сите.

-.Нашето членство во Алијансата длабоко сум убеден дека е триумф на три интегрални сегменти од нашата Влада. Надворешната политика и нејзината професионална демократија, Армијата и нашата мудра, сеопфатна и темелна одбранбена политика, но над се тоа е триумф на целото македонско општетство и на сите граѓани на нашата Република, рече Тодоров.

Тој порача дека Северна Македонија е подготвена да ги преземе сите обврски од членството во НАТО.

– Подготвени сме целосно да го земеме нашето место во телата и структурите на НАТО. Подготвени сме да учествуваме и да дадеме наш придонес со цел успешно функционирање на нашата организација и од сега и засекогаш, еднаш и засекогаш ќе памтиме и ќе велиме – Ние сме НАТО, потенцира Тодоров.

Македонското знаме днеска  истовремено ќе биде подигнато и пред Сојузничката команда за операции во Монс, Белгија и во Сојузничката команда во Норфолк, Вирџинија.

Свечената церемонија на подигањето на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел, преку видео врска во Скопје ја следеа и претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски и сите членови на владиниот кабинет.

Инаку, формалната постапка за членството во НАТО официјално се затвори на 27 март по депонирањето на инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор во Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави во Вашингтон, откако претходно сојузниците во НАТО го потпишаа Протоколот за пристапување во Северна Македонија во февруари 2019 година, по што сите 29 национални парламенти гласаа за ратификување на членството на нашата земја во алијансата. 

Next Post

Карантинот во „Молика“ според пропишаните протоколи

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk