ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025 15:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ

Бидејќи поразот на авторитарните режими е основата на Европа и на ЕУ денес. Демократска, отворена, просперитетна целина на можности и стандард на живеење – наместо поделена, затворена и конфликтна.

На овој стадиум на развој затоа што со американска помош излезе од окупацијата на нацизмот и фашизмот, но и од окупацијата од комунизмот 1990-91 година.

Зошто Денот на победата во Европа е денес, 8 мај, а не утре?

Бидејќи денес е потпишана капитулацијата на нацистичка Германија во име на вториот и последен претседател на тој режим – адмиралот Дениц: многумина не знаат дека Хитлер пред самоубиството за претседател на (остатоците од) „рајхот“ го назначува Дениц.

Адмиралот потоа испраќа делегација за да потпише целосна и безусловна капитулација пред Сојузниците во командата за Западниот фронт предводена од Ајзенхауер.

Капитулацијата по московско време е на 9 мај. Водејќи се од чувството дека „му е украдено шоуто“, Сталин инсистира на уште едно потпишување капитулација пред претставниците на Сојузниците во командата на Источниот фронт, предводена од Жуков.

Оттука различните датуми на прославата на Денот на победата во Европа и Русија денес и претходно во Западна Европа наспроти земјите под советска контрола или влијание, на темната страна на Железната завеса.

Со изборот кој кога и со кого прославува, секој кажува што сака да слави.

Денес, на 8 Мај се слави одбраната на слободата и просперитетот на повеќе од 500 милиони луѓе на континентот, за која се дадени многу жртви, со одбележување на Денот на победата во Европа.

Победата над нацизмот и фашизмот, но и над комунизмот е во сржта на 9 Мај. Денот на Европа е одбележувањето на поразот на сите авторитаризми во Европа од Украина, Балтикот се до Јадранот и Гибралтарот – нацизмот, фашизмот, но и комунизмот – во Европа како целина.

Имено идејата на Европа на можности низ демократија, владеење на правото, човекови и граѓански права и слободи, безбедност, просперитет во пазарно стопанство и конкуренција низ ЕЕЗ претходно и ЕУ денес ги порази авторитаризмите на советскиот, југословенскиот, источногерманскиот, чехословачкиот, унгарскиот, бугарскиот, романскиот социјализам, грчката воена хунта, шпанскиот франкизам…

И повторно е столбот на слободниот дух на европските народи, во екот на руската агресија врз Украина.

Затоа, славејќи го 8 Мај денес и 9 Мај утре, имаме обврска и да се потсетиме дека авторитарните режими – и нацизмот и фашизмот и комунизмот – во најголем дел на власт доаѓале на „избори“. Но скоро секаде – заминале со судири и жртви, геноцидни кон своите противници, но и цели народи и раси.

Целта на славењето во Европа е сеќавањето на жртвите, придобивките, но и на поуките.

Целта на прославувањето во Москва е носталгичен призивање по времињата и антихероите кои за окупација на населението, а за сопствени привилегии – формираа железни завеси меѓу луѓето, „во име на народот“.

И Со тоа ја понижува жртвата на милиони животи дадени во име на слободата, а не на идеологијата.

Затоа, кога ќе помислите дека „комунизмот сепак бил подобар од нацизмот и фашизмот“, запрашајте се зошто во нашите социјалистички читанки зборува(в)ме за „фашистички окупатори“ и „хитлерова Германија“, но нацизмот скоро и да (беш)е прескокнат?

Односно, зошто премолчува(в)ме дека:

– Погромот на Евреите во ХХ век се одвива во Сталиновиот СССР, а Хитлеровиот „Рајх“ го продолжува низ Холокаустот ширум окупирана Европа;

– нацистот Хитлер и комунистот Сталин немаат проблем да ја поделат демократската нација на Полска со договор 1939;

– комунистите ширум Европа, вклучително тогашна Југославија се на „одмор“ до 1941 по директива од Коминтерната – се додека Хитлер не ја започне операцијата „Барбароса“;

– во основата на двете авторитарни идеологии лежи дехуманизацијата на противникот како темел за нивната агресивност и милитантност.

За илустрација на блиското минато во регионот – врз основа на таа идеолошки проткајана дехуманизација на спротивниот – југо-комунистичките функционери беа предводници на крвавите војни во поранешна СФРЈ, вклучително геноцидите и масакрите во БиХ и Косово.

Честит 8 Мај, Ден на победата во Европа и Честит 9 Мај, Ден на Европа.

Славиме многу повеќе од флоскули, во време на предизвици кои се закануваат да ја повторат историјата.


Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Ден на ЕвропаИвон величковски

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Пукање во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, едно лице повредено

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Кој е Роберт Превост, новиот папа?

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Избран новиот папа: Лео XIV првиот американски папа во историјата

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Галоп на полжавите во изборна година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аналитичари сметаат дека Мицкоски спроведува етничка програма во мултиетничка држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk