ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 9, 2025 16:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Препораки и политики (Прв дел)

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“ и тимовите на партнерските организации кои ја спроведоа иницијативата ги претставуваат овие препораки врз основа на водечките премиси кои вклучуваат:

  • Обнова на политичката култура за јасно да се покаже посветеност на демократските вредности низ политичките поделби.
  • Зајакнување на демократските институции преку транспарентност, отчетност и – пред сé – флексибилни модели на граѓанска контрола и граѓански ангажман.
  • Спротивставување на авторитарните и крајно десничарските тенденции, националистичкиот радикализам и екстремизмот преку стратешко креирање политики, граѓански ангажман, меѓународна соработка и проактивни медиуми и едукативни иницијативи.
  • Зајакнување и заштита на независните медиуми и граѓанското општество во нивните напори за борба против дезинформациите, хибридните закани и нападите врз демократијата и човековите права.
  • Обнова и зајакнување на меѓународните сојузи за поттикнување соработка и отпорност во одбраната на демократските вредности.
  • Развивање и застапување на стратегии за решително запирање на агресивната војна на Русија против Украина, обезбедување траен и праведен мир и спречување понатамошна империјалистичка експанзија и агресија.
  • Развивање и застапување на стратегии за ставање крај на конфликтите во други погодени региони, како што се Блискиот Исток, Африка и пошироко, преку дипломатски напори, правни рамки, меѓународна солидарност и опиплива поддршка.

Градење меѓуполитички и општествени сојузи: Усвојување координирани стратегии за спротивставување на авторитаризмот и зајакнување на демократските институции 

Контекст

Подемот на авторитаризмот, радикалниот национализам и подбуцнувањето на војни не само што влијаеше на функционирањето на демократските институции, туку и ги обликуваше перцепциите, ставовите и очекувањата на луѓето за демократијата. Напливот на пропагандата претставува радикална верзија на реалноста и поедноставена верзија на „другиот“, што го прави да изгледа невозможно решавањето на конфликти преку демократска и правна рамка.

И покрај овие предизвици, луѓето од различни политички и културни средини често споделуваат заеднички цели – како што се поддршка за пазарните економии, мобилноста, безбедноста и значително, европската инеграција. Во земјите аспиранти за ЕУ, и покрај неуспесите, мнозинството граѓани сé уште го одобруваат процесот на европска интеграција.

Ова претставува можност за обновување на довербата во демократските вредности и институции, во и надвор од ЕУ, преку поттикнување на значајни размени и програми за соработка. Овие би можеле да вклучуваат заеднички иницијативи за политики фокусирани на зајакнување на демократските институции, прекугранични дијалози за решавање на споделени политички предизвици и заеднички напори – на регионално ниво и пошироко – во области како медиумската писменост, демкратската едукација и граѓанското учество, вклучително заеднички активности за јавно застапување за заштита на демократијата и човековите права, регионални конференции, работилници, програми за обука и дигитални кампањи насочени кон негување на слободата на говорот, истовремено спротивставувајќи се на дезинформациите, говорот на омраза и непријателските пропагандни операции. Овие активности и програми, иако започнуваат во Европа, може да послужат како позитивен пример и на глобално ниво.

Препораки

За справување со хибридните закани, демократските општества и нивните одговорни политички структури и демократски институции мора да ја подобрат нивната способност да ги идентификуваат и да реагираат на ранливностите, од мешање во изборите до дезинформациите.

Ова бара конкретни активности, вклучително законодавни мерки и целна техничка и финансиска поддршка. Зајакнувањето на рамките за изборен интегритет, зајакнувањето на граѓанските организации (ГО) и медиумите за спроведување мониторинг системи кои детектираат и откриваат дезинформации и операции за малигни влијанија како и поддршката на локалните граѓани за набљудување на изборите преку финансиска и институционална поддршка претставуваат суштински чекори.

Развивањето на заеднички капмањи против пропагандите од страна на независните медиуми и граѓанското општество може да помогне во борбата против дезинформациите и зајакнувањето на демократската отпорност.

Продемократските движења, граѓанските иницијативи, независните медиуми и умерените низ политичкиот спектар мора да усвојат координирани стратегии за да се спротивстават на авторитаризмот и да ги заштитат фундаменталните права. Ова треба да го вклучи создавањето на меѓупартиски работни групи за дејствување, заеднички платформи за застапување и меѓународни партнерства насочени кон одбрана на демократските вредности.

Сега не е време за ривалство и поделби, туку момент за соработка, солидарност и обединување на напорите за заштита на демократијата.

Конкретни чекори, мерки и активности

  1. Законодавни и мерки на политики 
  • Да се воведат и спроведат закони кои ги штитат демократските институции, јавниот дискурс и изборниот интегритет, истовремено казнувајќи го странското и домашното мешање.
  • Да се воспостават независни регулаторни тела за следење на дезинформациите, хибридните закани и операциите за политичко влијание.
  • Да се развијат правни механизми за спротивставување на странски малигни финансирања во медиумите, политичките кампањи и граѓанските организации.
  1. Зајакнување на изборниот интегритет
  • Да се спроведат сеопфатни системи за мониторинг на изборите за детектирање и откривање манипулации, мешање и измама.
  • Да се обезбеди финансиска и логистичка поддршка за независните иницијативи за граѓанско набљудување на изборите.
  • Да се подобрат мерките за сајбер безбедност за изборната инфраструктура за да се спречи хакирање и странско влијание.
  1. Зајакнување на граѓанското општество и независните медиуми
  • Да се даде поддршка на граѓанските организации и независните медиуми во развивањето на ефективни мрежи за проверка на факти и следење на дезинформациите во реално време.
  • Да се обезбеди финансирање за мониторинг заснован на граѓански организации и медиумски платформи фокусирани на истражување и спротивставување на крајно десничарски и операции на малигни влијанија.
  • Да се поттикне соработка помеѓу медиумите, граѓанските организации и академските институции за подобрување на програмите за медиумска писменост.
  1. Спротивставување на дезинформациите и пропагандата
  • Да се развијат иницијативи против пропагандата во партнерство со доверливи и посветени независни медиуми и граѓанско општество.
  • Да се започнат големи кампањи за подигање на јавната свеста во однос на ризиците и влијанието на дезинформациите.
  • Да се поттикнат платформите на социјалните медиуми да спроведуваат построги политики за умереност на содржината во однос на дезинформации спонзорирани од државата.
  1. Градење меѓусекторска соработка
  • Да се воспостават меѓупартиски акциски работни групи за промовирање на демократијата и спротивставување на авторитарното влијание.
  • Да се зајакнат меѓународните партнерства меѓу демкратските влади, организации и институции.
  • Да им се олесни на платформите да споделуваат знаење помеѓу новинарите, истражувачите и креаторите на политики.
  1. Обезбедување финансиска и институционална поддршка
  • Да се обезбедат механизми за долгорочно финансирање иницијативи за промовирање на демократијата и следење на хибридните закани.
  • Да се доделат ресурси за програми за обука кои ќе ги опремат граѓанските актери, новинарите и креаторите на политики со вештини за борба против дезинформациите.
  • Да се обезбеди директна поддршка на поединци и организации кои се соочуваат со правни и финансиски закани поради нивната продемократска работа.

Преземено: Цивил Медиа


ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Киберпанк: Надежта е револуција“ – Настан што симулира опстанок во дистопија, инспириран од суровата реалност

May 9, 2025

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk