ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

May 10, 2025 10:34
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Присуството на учениците од некое скопско школо на церемонијата на кревањето на државното знаме пред резиденцијата на нашата несреќа од претседателка, можеби е последица на неподносливата бесмисла и длабоката празнина на претседателската функција во ликот на Давкова, односно на идејата оваа симпатична женичка да излезе макар за момент од досадата на шумската идила, и тоа е, молам, за почит.

И мојата идеја да сади марули во дворот на Шато Водно не беше лоша.

Јас бев фрапиран кога во својата прегратка го зграпчи претседателот на Хрватска, Милановиќ, невино и ослободително, Зокита како божји дар кој за момент ќе ѝ вдахне смисла.

Слушам дека му понудила пола резиденција на база ол инклузив, само да остане макар до Нова година.

Сѐ е тоа в ред.

Но, тоа со учениците, госпожо претседателке, е тешка злоупотреба на децата. Сеедно дали  нивното присилно довлекување е резултат на кретенската идеја на скромностите во вашиот кабинет за малку пропаганда, демек ем почит кон државата, ем мајчинска љубов кон децата или е тоа резултат на раширените идеи за партиски инженеринг и производство на специјален модел на Македонци откако како мали ќе ги примат првите дози на македонизам, патриотизам и национализам, што за нив е пострашно отколку низ слабите венички да ги примат првите дози хероин.

Башка што се принудени да учат тоа што како порции ќе им го одредат весничка, стефчо од мпц оа јеје и другите промотори на комитскиот инженеринг (заедно со залетаните олигарси) со душите и мозокот на младите, а не стручњаци.

Во таа смисла, госпожо Давкова, парадата беше сериозно кривично дело, дали се разбираме.

Да сум на ваше место ќе го замолам премиерот да прати неколку од бројните „свои“ телевизии пред кои ќе изјавите дека тој чин, за жал отпосле, го разбирате како злоупотреба на децата и дека им се извинувате на нив, на нивните родители и на целокупната јавност, а на директорот на школото  ќе му побарате оставка.

Со ветување дека таа срамота никогаш нема да се повтори.

Парадата која нѐ дефинира како кич и тоа не кич како конкретна појава или предмет, туку кич како процес.

Тоа е откровението со кое мораме да се соочиме.

Ако се нурнеме во онтологијата на македонското постоење кое завршува во драма која пак се манифестира и низ вакви одвратности, ќе дојдеме до наслаги кои на прв поглед немаат врска со денешнината, но јас ве уверувам дека не е така.

Задачата на уметноста во Германија ја дефинирала филозофијата, затоа сета германска уметност води кон Вагнер, а задачата на македонската ја дефинирале собирачите на бугарски народни песни, Миладиновци и Цепенков како македонски Хусерл (живееле во исто време) во таканаречената преродба, со битовите тралалајки од осмошколски пиеси, демек, будење на кое отпосле сме му додале дека е национално македонско, што е историски фалсификат кој сега се враќа како оригинална одмазда на животот.

Тоа будење, во суштина било будење со ништо и во ништо, на уметнички план било и е неподнослива скромност со која ниту една сериозна нација не би сакала да се идентификува, а на фактички план – лага.

Плус, тука е единствената партија која рекла дека уметноста мора да биде во служба на народот. Тоа е главен белег и на повоената уметност.

Рефрен  што го прифатија сите партии вклучително и онаа која рече дека уметноста и културата мора да бидат народни односно од народот и за народот. Со акцент на трагиката на нацијата, на нацијата во улогата на жртва.

Што можеше да очекува нацијата која се повикува и се легитимира на ваква уметничка безвредност и надуеност на несреќите како на свој темел.

Со таа вакцина е „цепен“ карактерот и менталитетот на Македонецот. Тоа не е некаква издвоена културна проблематика туку бит на Македонецот.

И затоа сме отпорни пред секоја модерност и сме слаби пред сѐ што влече кон селото, кон фолклорот, кон расипаноста, кон злобата и сеирот, кон одмаздата и омразата, кон карактеристики кои по својата дефиниција не можат да конституираат нација која би опстанала во слободниот свет.

Ние сме формирани како актери кои во чинот во кој доаѓа демократија и слободата, ќе бидат отруени или ќе се отрујат.

Ние пробаме и од едното и од другото.

Темелите на нашето постоење се темели на нашата пропаст.

Прашајте во вмро!

Не сме сосема затрупани во ѓубре затоа што и при такви битови темели и партиски диктати, се протнале некои вистински уметнички дострели, но многу малку за да бидеме убедливи во процесот на кој ќе се решава дали ќе ни ја продолжат историската лиценца.

Македонецот не го разбира светот како поле за културен натпревар меѓу народите, што ќе рече дека Гоце не бил Македонец.

Хахаха!

Но затоа ја разбира државата: како поле за грабеж, отворен, без пардон, што ќе ти дојде под рака – крадеш, бидејќи Македонија е твоја, тоа е така нормално.

Ќе биде премија ако утре успееме да им докажеме на Бугарите дека, сепак, некогаш сме биле един народ.

Тоа е мисијата на вмро и во таа смисла јас сум оптимист.

Медицинско-антрополошките разгледувања за назадувањето на народот во случајот на Азандите во Централна Африка, изнесуваат теза дека кај тој народ дошло до „психолошки геноцид“ кога Европјаните ја зазеле нивната територија. Тогаш, од причини кои не можат егзогено да се објаснат, популацијата од два милиона околу 1900 година, паднала на половина милион со тенденција на брзо  натамошно намалување. Намалувањето на популацијата кај европските Азанди, што се познати и под името Македонци, не е така драстично, но растурањето на културната синтеза односно на националната супстанца, несомнено претставува процес на „психолошки геноцид“ кој се јавува по појавата на вмро и освојувањето на територијата на овој питом народ од страна на четите на оваа злосторничка инсталација. „Психолошкиот геноцид“ оди паралелно со културоцидот односно со празнење на Македонците од нивната духовност и култура и со создавање на основи за карикатуризирање и исмејување на Македонците и на сѐ што направиле во рамките на својот национален и државен проект и во својата плитка историја на врзување во еден историски феномен.

А тоа има свои основи во приказната што е напишана погоре.

Ако не сакаш да бидеш Европеец, ќе бидеш ништо.

Среќа, го имаме вмро кој веќе убеди поголем дел од Македонците да не сакаат да бидат Европејци.

Европа им ја уништувала гордоста и достоинството.

Хахаха!

Всушност, нели е ова претажно!?


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мастрафот си ти

May 10, 2025
Фото: Муцунски на X

Муцунски дел од министерскиот состанок на Специјалниот трибунал за злосторство агресија против Украина; Амбасадорката Дир се заблагодари за поддршката

May 10, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп: Индија и Пакистан се согласија за целосен прекин на огнот по разговорите со посредство на САД

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk