Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, објави дека – како единствен министер од Западен Балкан – учествуваше на министерскиот состанок на Основната група за Специјалниот трибунал за злосторство агресија против Украина и неформалниот Совет за надворешни работи на ЕУ.
„На покана на министерот за надворешни работи Андриј Сибиха и високиот претставник на ЕУ Каја Калас, учествував – како единствен министер од Западен Балкан – на министерскиот состанок на Основната група за Специјалниот трибунал за злосторство агресија против Украина и неформалниот Совет за надворешни работи на ЕУ“, напиша министерот Муцунски.
Тој ја извести јавноста дека, заедно со неговите колеги министри за надворешни работи на голем број земји членки на ЕУ, им оддаде почит на украинските херои на гробиштата Личакив во Лвив.
„Заедно со моите колеги, им оддадов почит на украинските херои на гробиштата Личакив. Ја потврдивме нашата силна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и иницијативата за обезбедување одговорност за актите на агресија“, објави Муцунски.
Тој истакна дека на средбата го потврдил принципиелниот став на Северна Македонија, повикувајќи на итно прекинување на огнот од страна на Русија и праведен, траен мир.
„Уште еднаш го повторив нашиот принципиелен став, повикувајќи на итно прекинување на огнот од страна на Русија и праведен, траен мир“, напиша министерот Муцунски.
🇲🇰🇺🇦🇪🇺 At the invitation of FM @andrii_sybiha and EU HRVP @kajakallas, I participated – as the only minister from the Western Balkans – in the Core Group Ministerial on the Special Tribunal for the Crime of Aggression against Ukraine and the informal EU Foreign Affairs Council.… pic.twitter.com/0fQPfMqEuW
— Timco Mucunski (@TimcoMucunski) May 9, 2025
Објавата и учеството на Муцунски собирот на голем број високи државни претставници од ЕУ на Денот на Европа во Лвив, Украина, ја поздрави и Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир.
“Украина ја цени вклученоста на Северна Македонија во Core Group за создавање на Специјален трибунал за злосторството на агресија против Украина. Срдечно му благодарам на Тимчо Муцунски за посетата на Лвив, Украина,каде што денес Европејците обезбедија политичка поддршка за Специјалниот трибунал“, објави амбасадорката Дир.
Украина ја цени вклученоста на🇲🇰во Core Group за создавање на Специјален трибунал за злосторството на агресија против Украина.
Срдечно му благодарам на @TimcoMucunski за посетата на Лвив🇺🇦,каде што денес Европејците обезбедија политичка поддршка за Специјалниот трибунал@MFA_MKD pic.twitter.com/NbSjx4jZso— Larysa Dir (@dir_larysa) May 9, 2025
Министрите за надворешни работи и другите претставници на државите-учеснички во Коалицијата за создавање на Специјален трибунал за злосторството на агресија против Украина ја усвоија Лвивската изјава.
ЦМ